Институтот за јавно здравје е носител на активностите за спроведување на Иницијативата на следење на дебелината кај децата во Европа (COSI). Ова истражување на Светската здравствена организација се спроведува во најголем дел на земјите во Европа има за цел да ги истражи трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај училишните деца. Иницијативата се спроведува согласно усвоен протокол, на секои 3 години. Република Македонија учествува од 2010 година, а во 2019 година, Институтот и Центрите за јавно здравје ќе го спроведат 4. круг на земање на податоци во Македонија. Активностите за спроведување на иницијативата се финансирани од Националната годишна програма за јавно здравје на Министерството за здравство.

Повеќе информации за COSI на следниот линк: http://www.euro.who.int/en/health-topics/disease-prevention/nutrition/activities/who-european-childhood-obesity-surveillance-initiative-cosi

Погледнете ги резултатите од последниот круг на земање на податоци во 2016 година: Macedonia FS MKD(PDF).