СВЕТСКИ ДЕН НА КОНТРАЦЕПЦИЈА

 

Светскиот ден на контрацепција или 26ти септември  има мисија да ја подигне свеста за безбеден сексуален однос и  контрацепција. Целта е да се помогне на секоја нова генерација, млади или возрасни да ја планираат својата бременост навреме.

 

Глобалната кампања “Тоа е твојот живот – тоа е твојата иднина” е насочена кон тинејџерите и младите луѓе на возраст од 13 до 25. За да опфатат колку што е можно повеќе млади, Светската коалиција за борба против контрацепција е вклучена во голем број проекти ширум светот кои се прилагодени на потребата за современа контрола на раѓање и ниво на сексуална едукација во регионите.

 

Непланираната бременост претставува глобален проблем
поврзан со значителни трошоци за здравствени услуги и социјална помош, како и значителни емоционални проблеми кај
жените и нивните семејства.

 

Преку инвестирањето во сервисите за  планирање на семејство, како и во  сервисите за грижа на здравјето на мајките може да се спасат многу животи.

 

Според Светската здравствена организација (СЗО), околу 16 милиони тинејџерки на возраст од 15 до 19 години раѓаат секоја година, што претставува околу 11% од вкупните раѓања во светот. Сексуалното и репродуктивното здравје на тинејџерите и младите потребно е да се постави како прашање на глобално ниво. Но начинот на кој се поставува ова прашање поточно  оваа тема, варира во зависност од нивото на образование, културното потекло и регионалните табуа.

 

Репродуктивниот систем на жената е деликатен и комплексен систем во телото. Важно е да се преземaт чекори со цел заштита од инфекции и повреди и да се спречат проблемите – вклучувајќи и некои долгорочни здравствени проблеми.

 

Грижата за  сопственото здравје и правилниот избор може да помогне и да ги заштити и најблиските во семејството. Заштита на репродуктивниот систем, исто така, значи контрола на сопственото здравје, ако и кога, ќе се забремени. Контрацептивните средства се разликуваат во нивната ефикасност при спречување на несакана бременост.

 

Гинеколошки посети при кои се ординирани контрацептивни средства во Р. Македонија, 2007 и 2017 година

ОБРАБОТКА: Извештај за здравствена заштита на жени,Р. Македонија 

Институт за јавно здравје на Р.Македонија,Центар за статистичка обработка на здравствени податоци, публицистика и едукација

 

Бројот на посети кај гинеколог заради планирање на семејство во 2017 година е намален за 73,9 индексни поени во однос на 2007 година и индексот за 2017/2007 изнесува 26.1%. Во временскиот период – 2007 до 2017 се согледува намалување на гинеколошки посети  при кои покрај други услуги, ординирани се контрацептивни сретства. Индексот 2017/2007 во врска со издавање на орални контрацептивни средства изнесува 100,3.

Од сето ова согледуваме дека потребно е организирање на промотивни кампањи, поголема едукација на населението,  посета на гинеколог  минимум еднаш во годината со цел  поефикасна заштита на женското здравје.

 

Денес постојат многу типови на заштита, контрацепција која е достапна и ефективна:

slika

 

 

Кондом – направен од тенок природен латекс (гума) која спречува спермата да навлезе во вагината. Единствено контрацептивно средство  кое воедно и штити од сексуално преносливи инфекции.

 

Женскиот кондом е составен од полиуретанска обвивка, и ја има истата функција како и машкиот кондом.

 

Таблети за контрацепција (хормони) се многу ефикасна, удобна и лесно достапна форма на контрацепција. Денес има широк спректар на хормонски методи за успешно спречување на несакана бременост. Употребата на хормони во контрацептивните сретства се претежно синтетички облик на природен хормон, прогестерон и естроген.Несаканите дејства од комбинираните таблети се добро испитани (документирани), и кај најголем број од жените, предностите ги надминуваат недостатоците доколку правилно ги користат.Секоја жена треба да биде добро информирана за предностите и недостатоците пред да почне со употреба на хормонална контрацепција и под надзор на доктор.

 

Спирала (интраутерина влошка) пластично и бакарно средство кое се става во матката,спречува спермата да стигне до јајце клетката и да ја оплоди. Ефикасноста на спиралата е 99% нуди сигурност и долготрајна заштита од несакана бременост.

 

Вагинален прстен Вагиналниот прстен содржи комбинација на

прогестоген и естроген, тоа ја спречува овулацијата(секој месец се ослободува јајце клетка од јајниците) и ги спречува сперматозоидите да ја оплодат јајце клетката. – Пред употреба на нов прстен потребно е да се направи пауза од 7 дена. Некои жени и нивните партнери можат да го почувствуваат за време на сексуалниот однос. Вагинален прстен мора да се чува на ладно место пред да се користи.Вагиналниот прстен има многу  слични несакани последици како и секоја хормонална контрацепција.

 

Таблети за итни случаи Содржат хормони кои се слични со оралните контрацептиви но се многу високо дозирани. Ја спречува овулацијата и оплодувањето, вообичаено се зема по сексуален однос без заштита, доколку се скине кондомот или пак жената заборавила да ја испие оралната контрацепција. Таблетите за итни случаи не се постојана контрацепција, тие се земаат само при итен случај!

 

Инјектирање

Инjекцијата обично содржи прогестоген, но во некои земји комбинацијата на естроген и прогестоген е на располагање.

Инјекцијата ја дава медицинско лице, се користи еднаш месечно или еднаш во три месеци. Хормонален метод кој е многу ефикасен и не бара залагања од ваша страна. Прогестогенот инјекциите се исто така погодни и за жените кои дојат. Инјекцијата може да ги намали болките при болниот менструален период, сепак можно е и да предизвикаат поголемо крварење, но од медицински аспект тоа и не е проблем.Во зависност од видот на инјектирањето можно е да е потребна година за плодноста на жената. Откако ќе се вбризга инјекцијата, доколку се појават несакани последици, тие неможат да се спречат.

 

Останати контацептивни средства:лепенка за контрацепција,стерилизација и тн.

 

Користена литература:

1. All about contraception. Available from URL: http://www.your-life.com

2. Family planning/Contraception, Available from URL: http://www.who.int

 

Подготвил:

Сектор за промоција, анализи

и следење на незразни болести