kontracepcija

Светскиот ден на контрацепцијата се одбележува на 26 – септември секоја година. Годинешната светска кампања се фокусира на визијата дека секоја бременост е посакувана. Лансирана во 2007 година, мисијата на Светскиот ден на контрацепцијата (WCD), е да ја подобри свеста за контрацепцијата и да им овозможи на младите поголема информираност и правилен избор за нивното сексуално и репродуктивно здравје.

Промовирајте, одредете приоритети и инвестирајте во репродуктивното здравје и планирање на семејството за време на КОВИД-19.

За спречување на последиците од КОВИД -19,  FP2020 создаде „Алатка за семејно планирање“.

Во многу земји, здравствените системи се соочуваат со недоволно квалификуван кадар и недостаток на здравствените ресурси. Пандемијата КОВИД-19, создава дополнителен притисок и товар врз веќе ослабените здравствени системи. Системите на примарната здравствена заштита, кои се влезна точка за основните здравствени услуги, вклучително и планирање на семејството, антенаталната и неонаталната нега и вакцинации, се под голем притисок и кај нив постои најголем ризик од колапс. И покрај ова нарушување, потребата за репродуктивното здравје нема да се промени. За повеќето жени и девојчиња, планирањето на семејството во овој период е критично, во рамките на основната здравствена заштита. Одржлив пристап до основните услуги и стручните материјали за сексуално и репродуктивно здравје, заедно со новите инвестиции што му овозможуваат на здравствениот систем да одговори на КОВИД-19, не само што може да помогне да се обезбедат подобри здравствени исходи за заедниците, туку и да се создадат поодржливи патишта за економско закрепнување во пост пандемичниот период. Владите се принудени да бараат приоритет на ресурсите и здравствените интервенции, но неопходно е сите земји да го интегрираат репродуктивното здравје. Причината за тоа е што жените се соочуваат со специфични структурни, социјални и индивидуални бариери за грижа, а покрај тоа, тие исто така го сочинуваат поголемиот дел од работната сила во здравството. На ниво на домаќинствата пак, жените се примарни негуватели, а со самото тоа се изложени на поголем ризик од инфекција.

Младите и адолесцентите, особено оние кои не се во брак, се соочуваат со специфични пречки што мора да се решат. Ограничувањата на мобилноста, на младите луѓе им го отежнува пристапот до висококвалитетна, стручна и доверлива грижа. Ова се наметна како потреба за заштита на населението, но сето тоа го зголемува ризикот од сексуалното и родово базираното насилство (SGBV) во домот, придонесувајќи за несакана бременост и небезбеден абортус. Дополнително, финансиските бариери ги ограничуваат младите во можноста да добијат стручни совети за планирање на семејството по нивен избор, бидејќи одредбата повеќе се насочува кон аптеките и приватните клиники.

Несакани последици од пандемијата КОВИД-19  врз сексуалното и репродуктивното здравје на младите

Новата пандемија на коронавирусот во 2020 година, ги наведе јавно здравствените експерти  да препорачаат намалување на рутинските здравствени услуги. Неопходно беше да се направат итни проценки за да се ограничи ширењето на инфекцијата и да се заштитат и населението и здравствените работници.  Како и да е, ненамерна последица од намалувањето на услугите е недостапноста на услугите за сексуално и репродуктивно здравје, како што се контрацепција и скрининг и третман на сексуално преносливи инфекции (СПИ). Намален пристап до СРЗ, е од особено значење за младите (на возраст од 15 до 24 години), кои имаат највисоки стапки на несакана бременост и СПИ. Стапката на СПИ на светско ниво е во пораст во последните пет години, ако истите не се третираат навремено можат да резултираат со карлична инфламаторна болест, која може да доведе до хронична карлична болка, неплодност и ектопична бременост, а сето тоа може негативно да влијае на идниот репродуктивен потенцијал кај жената. Младите лица рутински пристапуваат до услугите на СРЗ во здравствените установи (на пр., државните здравствени установи и регионалните центри за јавно здравје). Тие обично нудат сеопфатни интегрирани услуги за физичкото и менталното здравје, советување, репродуктивни и социјални услуги за млади и опипливи ресурси, како што се кондоми и апчиња за контрола на раѓање и третман на СПИ. И покрај овие ресурси, младите сè уште имаат бариери за пристап до услугите на СРЗ, како што се губење на доверливост, географска пристапност и стигма (т.е.чувство на непријатност и срам). Распространетата извршна наредба за „останување дома“, намалените опции за јавен превоз и пренаменувањето на давателите на услуги кои обично обезбедуваат грижа на местата што ги посетуваат младите лица, само дополнително им го комплицираат пристапот до здравствените услуги. FP 2020, со партнерите се трудат да обезбедат грижа и здравствени услуги за сите луѓе, со посебен акцент на  потребите на младите.

Референци:

  1. https://www.your-life.com/wcd
  2. http://www.familyplanning2020.org/sites/default/files/COVID/COVID19%20%26%20FP%20statement%202020-04-01.pdf

Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести