Oд 14-16.11.2016 година во Палатата на Нации на ОН во Женева, Швајцарија се одржа 4-тиот состанок на страните за Протоколот за вода и здравје, во организација на Светската здравствена организација за Европа (СЗО) и Економската Комисија за Европа при Обединети Нации (УНЕЦЕ).

На состанокот учествуваа 40 земји членки од Европскиот регион со околу 200 учесници, како и од СЗО и УНЕЦЕ, и бројни меѓународни невладини организации и универзитети. Република Македонија  беше претставена од Проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Национален фокал поинт за Протоколот за вода и здравје.

На 14.11.2016 година започна состанокот под претседавање на претставникот од Швајцарија Г-дин Пјер Штудер.

Од страна на секретаријатот на СЗО/УНЕЦЕ беше известено дека 26 земји го ратификувале Протоколот. Од страна на претставниците од Македонија, Ерменија и Казакстан беше информирано дека е започнат процесот за можно потпишување на Протоколот. Претставникот од Грција соопшти дека неговата земја се залага за ратификување на Протоколот.

Г-ѓа Наташа Џурасиновиќ од Србија беше избрана за претседавач за наредните три години, заедно со двајца потпреседавачи Пјер Штудер од Швајцарија и Јаник Паважо од Франција.

Се одржа посебна сесија за напредок во агендата за вода и санитација за Пан-Европскиот регион за постигнување на Агендата 2030 за одржлив развој. Беше изразено жалење дека не се постигнати Милениумските развојни цели за санитација, климатските промени влијаат на недостаток на вода, поплави и други екстремни временски настани, поврзаноста со Целите за одржлив развој со нагласок на ЦОР 6 за вода и санитација, потребата за интерсекторска и прекугранична соработка, сé со цел за исполнување на целите и активностите од Протоколот.

Беа избрани 8 членови на Бирото.

Беше изразена подршка за напредокот изразен во поставување на целите во рамки на Протоколот во Пан-Евроскиот регион. Протоколот има клучна улога во имплементацијата на ЦОР 6. Македонија изјави дека целите се поставени во Работната верзија на Акциониот План за здравје и животна средина.

Превенцијата и намалувањето на болести поврзани со водата беше програма во која беше нагласено дека Македонија прва организирала Работилница за надзор над болестите поврзани со водата во Скопје, од 09-10.03.2016 година во организација на МЗ и ИЈЗРМ со поддршка на СЗО. Република Чешка беше втора земја која организирала ваква работилница. Беше изразен интерес за одржување на вакви работилници во Ерменија и Киргистан.

Програмата за надзор над квалитет на водата за пиење беше елаборирана преку Малите системи за водоснабдување и санитација. Во Македонија беше одржана Работилница за состојбата со МСВС, регулаторните механизми и идговорности на институциите во поглед на јавното здравје и надзор над квалитетот на водата за пиење, како и за предизвиците и капацитетите на одговорните национални и локални институции да одговорат на истите. Подготвен е Компендиум за развој на Планови за безбедност во малите заедници на македонски, албански и англиски јазик.

Еднаквиот пристап до вода и санитација е спроведен преку самопроценка во Франција, Португалија, Унгарија, Македонија и Молдавија. Неколку други земји изразија интерес. Во Македонија самопроценката е спроведена во Скопје, Куманово, Старо Нагоричино, Ранковце, Кратово, Крива Паланка и Велес. Работилница со приказ на наодите е одржана во Велес од 20-21.01.2016 година со поддршка на УНЕЦЕ. Се планира во 2017 година да се подготват Локални акциони планови за унапредување на сотојбата во поглед на еднаков пристап до вода и санитација во горенаведените општини.

Процедурата за усогласенот беше подржана од страна на учесниците.

Програмата за поддршка за имплементација на национално ниво на Протоколот била спроведена во Киргистан, Молдавија и Таџикистан.

Претседавачот на Конвенцијата за заштита и користење на прекугранични води и меѓународни езера искажа задоволство од блиската соработка помеѓу активностите во рамки на Конвенцијата и Протоколот.

Учесниците се сложија дека заложбите за вода, санитација и хигиена да бидат дел од Министерската Декларација која треба да се усвои на Министерската конференција за животна средина и здравје во Острава, Република Чешка од 13-15.06.2017 година.

Едногласно беше усвоена Програмата за работа за 2017-2019 година.

Беше договорено 5-тиот состанок на страните за Протоколот за вода и здравје да се одржи во Белград во втората половина на 2019 година.

Македонија беше една од најактивните држави во поглед на реализирање на активностите од Протоколот за вода и здравје во изминатиот тригодишен период.