Oд 26-27.11.2014 година во Палатата на Нации на УНЕЦЕ во Женева, Швајцарија се одржа 7-тиот состанок на Работната Група за вода и здравје, во рамките на Протоколот за вода и здравје во организација на Светската здравствена организација за Европа (СЗО) и Економската Комисија за Европа при Обединети Нации (УНЕЦЕ).

На состанокот учествуваа 24 земји членки од Европскиот регион со 63 учесници од Албанија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Германија, Грузија, Ерменија, Естонија, Франција, Унгарија, Казакстан, Киргистам, Норвешка, Македонија, Молдавија, Русија, Србија, Словачка, Украина, Узбекистан, Црна Гора и Швајцарија, како и од СЗО и УНЕЦЕ, WHO CC Бон, UNESCO/ICES, Armenian Women for Health and Healthy Environment, Earth justice, Eco-TIRAS, ICFER, International Rainwater Harvesting Alliance, Journalists for Human Rights, National Water Partnership oд Грузија и Киргистан, ICEL, MAMA-86, WECF, Medical Academy of Kyrgyz Republic и University of California-Berkeley. Македонија  беше претставена од Проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Национален фокал поинт за Протоколот за вода и здравје.

Проф. д-р Михаил Кочубовски активно учествуваше во работата на состанокот.

На 26.11.2014 година започна состанокот со избор на претседавач Г-дин Кјетил Твеитан од Норвешка. Едногласно беше усвоена агендата на состанокот. Во извештајот за прогресот во процесот на ратификација на Протоколот за вода и здравје беше нагласено дека 26 земји го имаат потпишано протоколот и уште три земји (меѓу нив и Република Македонија) изјавија дека планираат истото да го направат во текот на 2015 година.

Воспоставувањето на цели, имплементација на мерки и изестување во рамките на протоколот беше дискутирано со презентирање на наодите од Националните работилници во Казакстан и Туркменистан, со цел за унапредување на известувањето.

Прогресoт во водоснабдувањето, санитацијата и хигиената, беше презентиран од Г-ѓа Енке Шине од СЗО, Бон Канцеларијата за здравствена екологија за Европа. Беше нагласено дека 12 земји од Европа учествувале во извештајот за GLAAS (Global Analysis and Assessment of Sanitation and Drinking Water – Глобална анализа и проценка на санитација и вода за пиење) меѓу нив и Република Македонија која беше успешно оценета. Во извештајот беше нагласено дека WASH на светско ниво (Water, sanitation and hygiene – водоснабдување, санитација и хигиена) не се финансира доволно за да се унапреди состојбата со водоснабдувањето, санитацијата и хигиената, со особен нагласок во училиштата. Благодарејќи на напорите од Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на РМ, Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за локална самоуправа состојбата во Република Македонија со WASH е релативно добра со планирање на унапредување на активностите за WASH во основните училишта (планирано во Националната Програма за јавно здравје за 2015 година).

На превенцијата и намалувањето на болестите поврзани со водата беше покажан особен интерес од учесниците на состанокот. Беше укажано на потребата за обука во функција за подобар надзор над болестите по потекло од водата. Република Македонија веќе го има имплементирано и унапредено надзорот и беше спроведена обука за зајакнување на надзорот.

Ситуацијата со малите системи за водоснабдување и санитација беше елаборирано, со преглед на добрите практики за унапредување на состојбата. Интерсекторската соработка беше нотирана како потреба за подобрување на управувањето. Подготвена е нацрт верзија на документот „Мали системи за водоснабдување и санитација во Европскиот регион на СЗО: добри практики за донесувачите на одлуки“.

СЗО/УНЕЦЕ елаборираше за безбедното и ефикасно управување во системите за водоснабдување и санитација. Исто така беше презенирано Упатството на СЗО „План за безбедност на водата: теренски водич за подобрување на безбедноста на вода за пиење во малите заедници“. WECF подготвиле компендиум, за да им овозможат на малите заедници да го подобрат планирањето на водоснабдувањето и санитацијата, како и за проценка на квалитетот на постројките за санитација. Компендиумот беше подготвен во рамките на проектот „Планови за безбедност на водоснабдувањето и санитацијата во рурални области од Романија и Македонија“ финансиран од Германската еколошка фондација.

Франција елаборираше за Еднаков пристап до вода и санитација. Во контекст на темата подготвен е Документот за рангирање на еднаков пристап: подржувајќи процеси на политики за достигнување на човековото право за вода и санитација беше елабориран.

УНЕЦЕ дискутираше за помошта во поддршката за имплементација на национално ниво за интегрирано управување со водните ресурси и водоснабдувањето и санитацијата.

Претседавачот на Комитетот за усогласување елаборираше за процедурата за известување, согласно со Протоколот за вода и здравје и ЕУ легислативата.

Беше разгледана имплементацијата и аспектите на програмата за работа за периодот 2014-2016 година. Програмата за работа беше едногласно усвоена.