Согласно Програмата за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија “Сл. весник бр.17/14″ од 28.01.2014 година, потребно е спроведување на Акционен план за реализација на потребата секоја жена во Република Македонија да има матичен гинеколог подготвен од Институтот за јавно здравје.

За таа цел на 04.03.2014 година во просториите на Институтот за јавно здравје на Република Македонија се одржа состанок на кој беа поканети претставници од патронажната служба и ромските здравствени медијатори (РЗМ) од 33 здравствени домови.
Цел на состанокот беше договор во врска со активностите кои ќе треба да ги спроведат патронажните сестри и РЗМ, а кои призлегуваат од акциониот план.
На состанокот беа присутни претставници од ЗД Кочани, ЗД Демир Хисар,
ЗД Неготино, ЗД Кавадарци, ЗД Берово, ЗД Виница, ЗД Пехчево, ЗД Свети Николе,
ЗД Охрид, ЗД Куманово, ЗД Битола, ЗД Струга, ЗД Прилеп, ЗД Пробиштип, ЗД Штип, ЗД Македонски Брод, ЗД Кичево, ЗД Вевчани, ЗД Радовиш, ЗД Велес, ЗД Тетово и
ЗД Гостивар.

И покрај укажувањето за важноста на овој состанок, не беа присутни претставници од ЗД Скопје, ЗД Валандово, ЗД Делчево, ЗД Крушево, ЗД Ресен, ЗД Ростуше, ЗД Гевгелија, ЗД Дебар, ЗД Крива Паланка, ЗД Кратово и ЗД Струмица.
За овие Здравствени домови ќе се одржи дополнителен состанок на 12.03.2014 година, со цел сите патронажни служби да бидат запознаени со активностите и обврските околу реализација на потребата секоја жена во РМ да има свој матичен гинеколог.
На патронажните сестри кои што беа присутни на состанокот им се објасни значењето на оваа реализација и им се поделија печатени агитки кои што треба да ги распределуваат на жените кои што немаат избрано матичен гинеколог, а во чии што домови вршат посета,а се поделија и образци за евиденција.
Агитките кои што ќе се делат на жените содржат информации за услугите кои што можат да ги добијат од гинекологот кој што ќе го изберат за свој матичен гинеколог. Мотото на оваа агитка е: “Изберете матичен гинеколог и сочувајте го Вашето сексуално и репродуктивно здравје”.
Помеѓу другите задачи кои произлегуваат од акциониот план се и стручните надзори кои што ќе ги вршат вработени од Институтот за јавно здравје,а ќе се реализираат во сите здравствени домови низ Р.Македонија и ќе имаат за цел увид во реализацијата на предвидените активности во текот на 2014 година.
На крајот на годината ќе се подготви Извештај за вкупниот број на жени кои избрале матичен гинеколог и истиот ќе се достави до Министерството за здравство.