Почитуван учесник,
Ви благодарам што учествувате во оваа студија.

Оваа студија ја спроведува Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија.

Истражувањето за коронавирус ( COVID-19 ) ќе трае околу 15 минути, а ние ќе поставиме прашања поврзани со здравјето.

Студијата се спроведува за да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирус.

Вашите одговори ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на коронавирусот.

Ве молиме, не започнувајте сè додека нема да имате доволно време да го завршите тоа еднократно. Затворете ги другите програми (на пр. разговор или е-пошта) за да избегнете проблеми.

Ова е некомерцијална студија финансирана од Светската здравствена организација.

Следни информации:
1. Анонимизираните податоци ќе бидат зачувани трајно и објавени за можна подоцнежна употреба од други научници. Заклучоци (мислења) за вашите податоци или од другите лица не се можни.

2. Вашите податоци ќе бидат третирани во согласност со одредбите на Европската регулатива за заштита на податоците (GDPR EU).

3. Вашето учество во студијата е доброволно и може да се прекине во кое било време и без да наведувате причини.

4. Вашето учество во истражувањето не Ве изложува на ризик.

Зошто ги собираме и користиме вашите податоци?

Истражувањето е за COVID-19.
Анонимизираните податоци ќе бидат зачувани во Институтот и може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина.

Како можете да не контактирате

Одговорен:
Институт за јавно здравје на РСМ

Одговорен во рамките на истражувачкиот проект:
Проф. д-р Елена Ќосевска

Доколку сакате повеќе информации за обработката на вашите лични податоци, кликнете овде www.iph.mk

 

Кликнете на линкот за да го пополните прашаникот:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdee7yN3qmmTNMSH0zHlO2F5ks-_UE46QUrukSHdtqxSCF8rA/viewform