
Или како што уште и ја нарекуваме – партнер во родителството!
Bebbo апликацијата може да се превземе преку Google play (Play Store) доколку користите Андроид уред или преку App Store доколку користите Apple Уреди. Откако ќе ја инсталирате апликацијата на вашиот уред најпрво треба да ја изберете вашата земја и јазик на кој што зборувате. Во зависност од изборот на земјата се прилагодени некои од информациите внатре во самата апликација (пример е вакциналниот картон). Откако ќе се симне, апликацијата може да се користи и кога немате Интернет.
Следен чекор е прифаќањето на Условите за користење на апликацијата.
Откако ќе се прифатат Условите за користење може да се пристапи кон внесување на податоци за детето како што е датум на раѓање на детето или очекуван датум на раѓање, име на детето, пол и роднинска врска со детето на оној кој што ќе ја користи оваа апликација. По внесување на податоците за детето, родителите може да додадат информации и за неговото братче или сестричка.
Апликацијата ги користи информациите за датумот на раѓање, полот и другите информации за детето внесени од страна на родителот, со цел да препорача погодна содржина и насочување по мерка. На тој начин е направена поделба според возрасни категории, па така, може да се добијат информации за првиот месец од животот на бебето, вториот месец, 3 до 4 месец, 5-6 месеци и така натаму сѐ до , 61-72 месеци, односно до навршување на 6 години на детето. Корисникот може да превзема содржини конкретно за моменталната возраст на своето дете, како и содржини за другите возрасни категории за кои што е заинтересиран.
Содржината на апликацијата може да се пребарува и без да се внесат информации за конкретно дете.
На почетната страна на апликацијата можат да се најдат детални информации, многу корисни за развојот на детето, според неговата возраст, во форма на видео и пишан текст. За секоја возрасна категорија има и пишани развојни одредници за кои што има дополнителни информации.
На почетната страна има и Препорачани дневни активности, односно игри и статии со совети напишани од експерти. Сите совети и игри кои им се допаѓаат на родителите, може да ги зачуваат во омилени и да ги споделат со други родители или со пријателите.
Игри за деца и родители – во Bebbo може да се најдат и одлични идеи како родителите да го анимираат своето дете преку игри кои ќе го стимулираат неговиот правилен раст и развој. Игрите се поделени според возрасната категорија на детето, како и според моторичките, социо-емоционалните, јазичните, комуникациските и когнитивните вештини на детето.
Совети – овој дел нуди голем број на совети напишани од страна на експерти кои што може да се пребараат според веќе зададена категорија или да се пребарува според клучен збор. Советите се поделени на следниве категории: Игра и учење, Детска заштита, Катче за родители, Здравје, Родителство и Исхрана и доење.
Алатки кои ги содржи апликацијата:
- Развој на детето – тука можат да се следат развојните одредници на детето според соодветната возрасна категорија. Со селектирање на постигнатите развојни одредници на детето во тековниот период, родителите имаат можност да го следат своето дете и да го бележат напредокот во соодветната фаза од развојот, односно да проверат дали детето ги стекнало вештините кои се очекува да ги развие во одреден временски период. Така на пример пред првата година детето би требало да станува држејќи се за делови од мебелот, да става предмети во кутија, да истражува играчки, да искажува емоции како што се срамежливост или нервоза при контакт со непознати. Дополнително, Bebbo овозможува поддршка за родителите да го стимулираат развојот на детето низ игра.
- Вакцинација – преку оваа алатка лесно може да се следи календарот за вакцинација на детето, како и да се поставуваат потсетници за наредните вакцинални термини. Во овој дел секој родител може подетално да прочита и добие дополнителни информации за секоја вакцина. Исто така може да се внесат и податоци за секоја нова примена вакцина (датум на кој е примена вакцината, која вакцина, дали на детето му биле измерени тежина и висина, како и забелешка или коментар од лекарот).Сите овие податоци може да се зачуваат.
- Прегледи – во овој дел може да се внесат податоци за сите извршени лекарски прегледи (датум, измерена висина и тежина на детето, забелешки од лекарот, дали при прегледот примило вакцина), како и да се постави потсетник за следниот закажан термин.
- Раст на детето – со внесување на тежината и висината на детето се следи неговиот напредок ( се внесува дата на мерење, дали детето е мерено дома или на лекар, потоа се внесуваат измерените вредности и со нивното зачувување се добиваат информации и совети за напредокот на детето кои што се многу битни и корисни за секој родител). Секогаш може да се додаде ново мерење.
Апликацијата е многу лесна и едноставна за употреба. Во најдолниот ред постои мени кое помага за лесно пребарување низ самата апликација. Во ова мени може да се избере Почетната страна, Игри, Алатки, Совети и Развој.
Слично мени може да се најде и во горниот лев агол кое ги содржи овие исти алатки, плус има и опција “Разговарајте со нас” преку која се добиваат саканите информации од избраната област.
Со помош на корисниците може да се оцени апликацијата и да се даде мислење, со цел подобрување на корисните информации за родителите.