ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија изразува благодарност на менaџментот на Комерцијална банка АД Скопје за донацијата во паричен бруто износ од 4.110.000,00 денари, наменета за исплата на вработените кои се редовно вработени во Институтот за јавно здравје на РСМ.

Менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје со оваа донација сака да им се заблагодари на вработените од Институтот за јавно здравје на РСМ, за нивните огромни напори во справувањето со пандемијата предизвикана од коронавирусот – COVID 19 во нашата земја.