На денешната конференција за медиуми беше заклучено

 

Изјава на ас. Д-р Шабан Мемети, Директорот на Институтот за јавно здравје за прес конференцијата

 

Секоја година Светската здравствена организација избира приоритетна област на глобален јавноздравствен проблем како тема  за Светскиот ден на здравјето, 7 април, Темата за денот на здравјето за 2015 година е посветена на безбедноста на храната, со мото – за безбедна храна од нива до трпеза.  Од мотото може да се согледа повикот за зајакната интерсекторска соработка во системот за контрола на храната. Оваа тема има големо значење за сите луѓе на планетава, за повеќе заинтересирани страни, вклучувајќи ги властите, граѓанското општество, приватниот сектор, како и меѓувладините агенции.

На Светскиот ден на здравјето 2015 година, СЗО за Европа проценува дека бројот на заболени лица со болестите кои се пренесуваат преку храна, е повисок отколку што се пријавуваат во моментот и ја нагласува потребата од подобрување на соработката меѓу секторите, со цел намалување на здравствените ризици поврзани со небезбедна храна.

Институтот за јавно здравје како национална превентивна здаравствена установа има улога во евиденција и анализа на податоците на боелстите поврзани со храната и со тоа да алармира за појава на одредни тренд во болестите. Но исто така учествува во контрола на безбедноста на храната преку акредитираните  лаборатории и во процесот на креирање на политики за управување со ризикот.

Од националниот систем за пријавување и евиденција на заразните болести кај населението во Република Македонија, може да се види дека инфекциите предизвикани со микробиолошки контаминирана храна имаат променлив тренд, бактериските алиментарни инфекции и интоксикации имаат тренд на намалување, салмонелозата има тренд на пораст, но и цревните инфекциите предизвикани со E.coli бележат пораст, што се должи на неодамна воведената законска обврска за пријавување. Во текот на 2014 година за прв пат беше евидентирана епидемија на листериоза, предизвикана со контаминирана храна, која беше проследена со висока стапка на смртност (50%). Од друга страна бруцелозата бележи тренд на опаѓање што се должи на повеќегодишните интерсекторските напори за намалување на инциденцата на оваа зооноза.

Затоа на денешниот ден сакаме да ја пренесеме глобалната порака на СЗО за креаторите на политиките

  • Да ​​се зајакне мултисекторската соработка меѓу јавно здравствениот сектор, ветеринарниот, земјоделскиот сектор и другите сектори, со цел подобрување на комуникација, споделување на информации и заедничко дејствување;
  • да се надградува и одржува системот за безбедност на храна и инфраструктурата, вклучувајќи лабораториски и капацитети за надзор, како и системи за известување;
  • управување со ризиците поврзани со безбедноста на храната по должината на целиот синџир на исхрана, и за време на итни случаи;
  • Да се интегрира безбедноста на храната во пошироки политики и програми за храна (на пример, исхрана и безбедност на храната);
  • да се размислува глобално, а да се делува локално, со цел да се обезбеди дека храната произведена во земјата е безбедна, но исто така и храната што е увезена.

1 foto

Македoнија има безбедна храна

Болести поврзани со храната-  јавно здравствен предизвик

  • Повеќе од 200 заболувања се добиваат преку контаминирана храна Болестите поврзани со храната се предизвикани од микроорганизми (бактерии, вируси, фунги, приони,паразити) или хемикалии, радиоактивност и дури физички агенси- страни тела
  • Болестите поврзани со храната и вода, проследени со дијареа, убиваат околу 2 милиони луѓе годишно, голем дел од нив се деца
  • Во 2012 во ЕУ пријавени се повеќе од 310 000 случаи на заболени лица од бактериски алиментарни токсинфекции, од кои 304 умреле. Проценетo е дека 3 % од болестите поврзани со храната водат кон долготрајни последици по здравјето
  • Сериозни трајни оштетувања на здравјето како што се оштетување на функцијата на бубрезите, црниот дроб, неуролошки и мозочни оштетувања, реактивен артитис, канцер, сепса и смрт, може да бидат предизвикани со контаминирана храна.
  • Најчесто предизвикани со бактерии како што се Salmonella, Campylobacter, Clostridium perfringens, Staphylococcus aureus, Escherichia coli, или вируси Norovirus.
  • Симптоми кои почнуваат многу брзо после консумација на контаминирана храна: гадење, повраќање, пролив, стомачни грчеви.

Трендови во безбедноста на храната

  • Глобализација на храната – трговија со животните, патување и миграција –  пренос на патогените  микрорганизми на големи растојанија, долг и комплексен синџир на храната.
  • Промени во земјоделството и производството на храна – интензивирање и индустријализација на земјоделството, нови технологии, ракување со заболени животни во тек на производство на храна.
  • Зголемена вулнерабилност на хуманата популација- стареење на популацијата, имунокомпритирани лица, сиромаштија, миграција, кризни состојби и климатски проемни
  • Промена на стилот на живеење – урбанизација, јадење надвор од домот, консумација на претежно сирова храна

Здравствен и економски импакт на епидемијата со E.coli (ЕНЕС*) во  Европа, 2011

  • Поврзана со контаминирани никулци
  • Пријавени заболени лица во 14 земји во Европа и 2 во Северна Америка
  • 4000 пријавени случаи, од кои 1000 со хемолитичен уремичен синдром, 55 со смртен исход
  • 1,3 милиони US$ загуба за фармерите и прехранбената индустрија

Безбедноста на храната и контролните системи мора да се адаптираат

Денес, патот кој го минува храната од местото на потекло до нашата чинија е долг и комплексен, како никогаш порано. Опасностите во храната можат да се појават во секоја фаза, затоа безбедноста на храната и системите за контрола мора да се адаптираат  и да работат заедно во сите сектори, низ целиот синџир на храната„

Dr Zsuzsanna Jakab,  Директор на Регионалната  канцеларија на СЗО за Европа

Интерсекторски „победи„ – земјоделство и здравство

Со заедничка работа, здравствениот и земјоделскиот сектор можат да превенираат заразни и незаразни заболувања, антимикробна резистенција, да го подржат одржливиот развој, и да овозможат за населението како во урбаните така и во руралните средини да имаат пристап до безбедна и нутритивно адекватна храна

Како земјоделскиот сектор може да го унапреди здравјето преку акции во безбедноста на храната

  • Со примена на холистички пристап, базиран на проценка на ризик низ целиот синџир на храната
  • Да се обрати особено внимание на болестите поврзани со храната, зоонозите и антимикробната резистенција
  • Да се воспоставата релевантни системи за мониторинг во синџирот на храната
  • Да се обезбеди хигиенско производство, преработка и дистрибуција на храната

Како здравствениот сектор да помогне на земјоделството со акции за безбедност на храната

  • Зајакнување на системот за пријавување и евиденција на болестите поврзани со храната, за да може земјоделскиот сектор да превземе мерки за превенција и да даде соодветен одговор.

Болести поврзани со загадена храна со бактерии во 2014 година во Македонија

909 алиментарни инфекции и интоксикации, 204 салмонелози, 162 инфекции со E.коли, 40 бруцелози

Овие болести можеле да се превенираат со примена на 5 клуча за побезбедна храна

  • Одржувајте ја хигиената
  • Одделете ја сировата од подготвената храна
  • Подгответе ја храната темелно
  • Чувајте ја храната на безбедни температури
  • Користете безбедна вода и свежи продукти

 

Доц. Д-р Гордана Ристовска

Институт за јавно здравје