Центарот на референтни лаборатории претставува оранизационо-техничка единица која ги обединува сите лаборатории во ЈЗУ ИЈЗ на РМ. Лабораторискиот сегмент на активностите и задачите на ИЈЗ пропишани со Законот за јавно здравје на РМ во целост се реализира во Центарот на референтни лаборатории. Организацијата, работните задачи, овластувањата и одговорностите на вработените се регулиратни со Статутот (последна измена, фебруари, 2009) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места на ЈЗУ ИЈЗ на РМ (последна измена, јули 2009).

Лабораториските тестирања се изведуваат во согласност со важечките национални и меѓународни стандарди и прописи, при што се води постојана грижа за потребите и барањата на кориснците и континуирано зголемување на нивото на доверливост на резултатите.

Квалитетот во изведување на лабораториските анализи во Центарот на референтни лаборатории се обезбедува преку изготвување и почитување на усогласени професионални стандарди и упатства, континуирано професионално усовршување на вработените во областа на јавното здравје, имплементација и одржување на лабораториски систем за управување и акредитација на лабораториите.

Центарот на референтни лаборатории го сочинуваат:

1. Биолошки лаборатории

  • Лабораторија за прием на биолошки материјали, подготовка на подлоги и диспозиција на инфективен отпад
  • Лабораторија за бактериологија и антимикробна резистенција
  • Лабораторија за вирусологија и молекуларна дијагностика
  • Лабораторија за паразитологија
  • Лабораторија за санитарна микробиологија
  • Лабораторија за хематолошко – биохемиски испитувања

2. Хемиски лаборатории

  • Лабораторијата за испитување квалитет на храна
  • Лабраторија за испитување на води
  • Лабораторија за контаминенти и еко-токсикологија
  • Лабораторија за испитување на метали
  • Лабораторија за испитување на здравствена исправност на предмети за општа употреба

3. Радиолошки лаборатории

  • Лабораторија за радиоекологија
  • Лабораторија за јонизирачко зрачење
  • Лабораторија за нејонизирачко зрачење