• спроведува здравствено-статистичка дејност преку прибирање, контрола и компјутерска обработка на здравствено-статистички податоци од индивидуални и збирни здравствено статистички извештаи;
  • преку софтверска обработка на податоци ги води и публицира националните регистри ” Регистар за рак во Република Македонија”, “Регистар за шеќерна болест во Република Македонија”, изготвува публикации за лекуваните во примарната здравствена заштита “Амбулантно поликлинички морбидитет во Македонија” и за стационарно лекуваните лица во болничките одделенија “Болнички морбидитет и морталитет во Република Македонија”;
  • прецизно ги евидентира кадрите во здравството преку добро формирана компјутерска база на податоци;
  • соработува со државни и меѓународни институции и организации (како СЗО, ЕУРОСТАД, ЕУ и др.) за следење и применување на новините во својата дејност;
  • ја следи статистичката обработка на извештаите за работата на здравствените организации;
  • учествува во изготвување на програмите за статистички истражувања од областа во здравството;
  • учествува во изготвување на стручно-методолошки упатства за спроведување на статистичките истражувања од областа на здравството;
  • изготвуваат национални здравствени индикатори;
  • учествува во изготвување на обрасци за медицинската документација, евиденции и извештаи;
  • врши стручен надзор од областа на здравствената статистика во здравствените организации;
  • ја координира стручната работа од областа на здравствената статистика во заводите за здравствена заштита и подрачните служби на заводите;
  • учествува во изработка на проекти за здравствениот информациски систем во Републиката;
  • учествува во изработка на оперативни планови за воведување на апликативни програми;
  • врши анализа и евалуација на статистичките податоци;
  • учествува во образовната дејност и спроведува стручно усовршување на здравствените работници и соработници од различни профили за време на приправничкиот и специјалистичкиот стаж и други видови на стручно усовршување, од областа на здравствената статистика;
  • изведува едукација и стручно усовршување на медицинските кадри од различни профили од областа на здравствената статистика, информатика во здравството и електронска обработка на податоци преку курсеви и семинари, како и теренски увиди во здравствените организации со стручно-методолошка помош и инструктажа.

Одделенија во Центарот се:

  • Одделение за статистичка обработка, анализа на здравствени податоци и водење на регистри
  • Одделение за IT менаџмент во здравство и архивирање на здравствени податоци
  • Одделение за едукација, публикување и информации