СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 17.05.2020
Тестирани се вкупно 286 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.
Од вкупниот број на тестирани, 124 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките од Скопје и Велес без регистриран позитивен случај.
Регистрирани се 25 нови позитивни лица. Потврдените случаи се од 5 градови (Табела 1).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 17.05.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 16 | 1 |
Тетово | 4 | 0 |
Велес | 2 | 0 |
Струга | 1 | 1 |
Охрид | 2 | 0 |
Куманово | 0 | 1 |
Вкупно | 25 | 3 |
Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 9 од женски и 16 од машки пол.
Регистрирани се четири хоспитализирани лица. Кај 7 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 20 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 8 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се три смртни случаи со место на живеење од Куманово, Скопје и Струга. Случаите се на возраст од 51-61 години, со присутни симптоми и хоспитализирани. Два од случаите имале пропратни коморбидитети. Сите починати се без историја на патување, а еден имал контакт со потврден случај во државата.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 17.05.2020, пријавени се вкупно 1.817 случаи на COVID-19 (I=87,8/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Куманово, Прилеп и Велес. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга и Гостивар (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет | Леталитет |
Вкупно | 1.817 | 87.8 | 104 | 5.0 | 5.7% |
Скопје | 628 | 101,7 | 21 | 3,4 | 3,3% |
Куманово | 416 | 291,5 | 21 | 14,7 | 5,0% |
Прилеп | 200 | 209,8 | 12 | 12,6 | 6,0% |
Тетово | 147 | 73,6 | 12 | 6,0 | 8,2% |
Велес | 121 | 182,6 | 8 | 12,1 | 6,6% |
Струга | 70 | 103,2 | 15 | 22,1 | 21,4% |
Дебар | 51 | 183,8 | 4 | 14,4 | 7,8% |
Штип | 36 | 68,3 | 2 | 3,8 | 5,6% |
Кочани | 31 | 64,6 | 2 | 4,2 | 6,5% |
Битола | 27 | 26,5 | 2 | 2,0 | 7,4% |
Охрид | 21 | 37,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Гостивар | 19 | 15,9 | 2 | 1,7 | 10,5% |
Неготино* | 9 | 38,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крива Паланка | 6 | 25,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кавадарци | 5 | 11,6 | 1 | 2,3 | 20,0% |
Гевгелија | 4 | 11,6 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Радовиш | 4 | 12,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крушево | 3 | 31,5 | 1 | 10,5 | 33,3% |
Пехчево | 3 | 60,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Струмица | 2 | 2,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Пробиштип | 2 | 13,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Македонски Брод | 2 | 17,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Виница | 2 | 10,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кратово | 2 | 20,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кичево | 2 | 3,5 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Демир Хисар | 1 | 11,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Берово | 1 | 7,7 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Валандово | 1 | 8,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Делчево | 1 | 4,2 | 1 | 4,2 | 100,0% |
*седум лица се жители на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 291,5 заболени на 100.000 жители, Прилеп (209,8/100.000), Дебар (183,8/100.000), Велес (182,6/100.000), Струга (103,2/100.000) и Скопје (101,7/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Тетово, Штип, Кочани, и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 872 машки и 945 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 84,1/100.000, додека кај женските 91,5/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 394 (21,7%) со инциденца од 102,8/100.000, а највисока специфична инциденца од 135,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (376 заболени). Најниска инциденца од 28,4 и 32,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 65 и 82 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.817)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.817)
Од пријавените случаи, 25,1% (n=456) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,6%), кашлица (53,9%), малаксаност (37,3%), треска (19,9%), главоболка (15,0%), болка во грло (14,4%) и отежнато дишење (14,3%).
Кај 588 или 32,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 436 или 74,1% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Во однос на коморбидитети, кај 554 (30,5%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 381 лице има кардиоваскуларна болест, 122 дијабет, 95 се со хронична белодробна болест, 23 со хронична бубрежна болест и 81 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 241 (52,9%) се присутни коморбидитети.
Регистриран е 251 (13,8%) случај на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 104 смртен случај (Лт = 5,7%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=67) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 17,5/100.000 жители. Регистрирани се 70 смртни случаи кај лица од машки и 34 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 77 (74,0%) се регистрирани коморбидитети. Тринаесет (12,5%) од пријавените случаи починале во домашни услови, а останатите 91 (87,5%) починале за време на хоспитализација.
Од вкупниот број на случаи, 96 (5,3%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 22.04.2020 (Графикон 2). Вкупно 1.090 лица (60,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 17.05.2020 тестирани се вкупно 21.722 материјали (детектирани 1.817 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 10.498 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=21.722)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
ВКУПНО | 21.722 | 1.817 | 705 | 1 | 21.017 | 1.816 |
ИЈЗ – Вирусологија | 14.349 | 1.465 | 355 | 1 | 13.994 | 1.464 |
Ветеринарен Факултет | 577 | 45 | 0 | 0 | 577 | 45 |
Авицена | 515 | 33 | 0 | 0 | 515 | 33 |
Биотек | 1.232 | 48 | 0 | 0 | 1.232 | 48 |
Жан Митрев Клиника | 3.782 | 165 | 0 | 0 | 3.782 | 165 |
Систина | 619 | 27 | 0 | 0 | 619 | 27 |
МАНУ | 648 | 34 | 350 | 0 | 298 | 34 |
Според исходот од заболувањето, 412 лица (22,7%) се активни случаи, 1.301 случаи (71,6%) се водат како оздравени (226 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 240 (18,4%) биле хоспитализирани додека останатите 1.061 (81,6%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.817)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 152 | 455 | 21 | 628 |
Куманово | 31 | 364 | 21 | 416 |
Прилеп | 63 | 125 | 12 | 200 |
Тетово | 79 | 56 | 12 | 147 |
Велес | 50 | 63 | 8 | 121 |
Струга | 4 | 51 | 15 | 70 |
Дебар | 47 | 4 | 51 | |
Штип | 2 | 32 | 2 | 36 |
Кочани | 4 | 25 | 2 | 31 |
Битола | 8 | 17 | 2 | 27 |
Охрид | 6 | 15 | 21 | |
Гостивар | 2 | 15 | 2 | 19 |
Демир Капија | 5 | 2 | 7 | |
Крива Паланка | 2 | 4 | 6 | |
Кавадарци | 4 | 1 | 5 | |
Гевгелија | 4 | 4 | ||
Радовиш | 4 | 4 | ||
Крушево | 2 | 1 | 3 | |
Пехчево | 1 | 2 | 3 | |
Кичево | 2 | 2 | ||
Кратово | 1 | 1 | 2 | |
Пробиштип | 2 | 2 | ||
Виница | 2 | 2 | ||
Македонски Брод | 2 | 2 | ||
Струмица | 2 | 2 | ||
Неготино | 2 | 2 | ||
Берово | 1 | 1 | ||
Валандово | 1 | 1 | ||
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
Делчево | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 412 | 1.301 | 104 | 1.817 |
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.817)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
На 12.05.2020 Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази (https://vlada.mk/node/21367).
На 53-тата седница на владата одржана на 15.05.2020 е донесено дополнување на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 17.05.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 4.529.027 (100.096 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 307.565 (5.038 нови)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.874.075 (22.184 нови)
- Смртни случаи – 166.121 (930 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 1.966.932 (57.449 нови)
- Смртни случаи – 118.799 (3.742 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 568 (10.900 нови)
- Смртни случаи – 841 (140 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 169.546 (825 нови)
- Смртни случаи – 6.730 (33 нови)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 134.531 (6.536 нови)
- Смртни случаи – 4.351 (150 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 58.663 (2.202 нови)
- Смртни случаи – 710 (43 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 18.05.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје