СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 13.05.2020

Тестирани се вкупно 349 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 29. Потврдените случаи се од 8 градови (Табела 1).

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 13.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 10 0
Прилеп 6 0
Тетово 4 0
Струга 2 0
Велес 2 0
Битола 2 0
Охрид 2 0
Куманово 1 0
Вкупно 29 0

 

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 14  женски и  15 машки лица.

Регистрирани се 5 хоспитализирани лица.  Кај 10 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 18 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 6 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во тек на денешниот ден не се пријавени нови смртни случаи.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 13.05.2020, пријавени се вкупно 1.723 случаи на COVID-19 (I=83,3/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Прилеп и Куманово. Највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет Леталитет
Вкупно 1.723 83.3 95 4.6 5.5%
Скопје 589 95.4 18 2.9 3.1%
Куманово 411 288.0 20 14.0 4.9%
Прилеп 190 199.3 12 12.6 6.3%
Тетово 125 62.6 10 5.0 8.0%
Велес 111 167.5 6 9.1 5.4%
Струга 69 101.7 14 20.6 20.3%
Дебар 51 183.8 4 14.4 7.8%
Штип 35 66.4 2 3.8 5.7%
Кочани 31 64.6 2 4.2 6.5%
Битола 25 24.5 2 2.0 8.0%
Гостивар 19 15.9 2 1.7 10.5%
Охрид 17 30.3 0 0.0 0.0%
Неготино* 9 38.3 0 0.0 0.0%
Крива Паланка 6 25.1 0 0.0 0.0%
Кавадарци 5 11.6 1 2.3 20.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0 0.0%
Крушево 3 31.5 1 10.5 33.3%
Пехчево 3 60.1 0 0.0 0.0%
Струмица 2 2.1 0 0.0 0.0%
Пробиштип 2 13.1 0 0.0 0.0%
Македонски Брод 2 17.9 0 0.0 0.0%
Виница 2 10.3 0 0.0 0.0%
Кратово 2 20.9 0 0.0 0.0%
Кичево 2 3.5 0 0.0 0.0%
Демир Хисар 1 11.9 0 0.0 0.0%
Берово 1 7.7 0 0.0 0.0%
Валандово 1 8.4 0 0.0 0.0%
Делчево 1 4.2 1 4.2 100.0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 288,0 заболени на 100.000 жители, Прилеп (199,3/100.000), Дебар (183,8/100.000), Велес (167,5/100.000) и Струга (101,7/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

korona 13.5.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 823 машки и 900 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 79,4/100.000, додека кај женските 87,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 374 (21,7%) со инциденца од 97,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 130,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (362 заболени). Најниска инциденца од 27,1 и 29,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 62 и 73 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.723)

korona 13.5.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.723)

korona 13.5.3

Од пријавените случаи, 24,8% (n=428) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,3%), кашлица (54,5%), малаксаност (37,4%), треска (19,6%), главоболка (15,3%), болка во грло (14,8%) и отежнато дишење (14,5%).

Кај 565 или 32,8% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 416 или 73,6% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 522 (30,3%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 359 лица имаат кардиоваскуларна болест, 115 дијабет, 91 лице е со хронична белодробна болест, 21 со хронична бубрежна болест и 75 со други хронични болести.

Од хоспитализираните случаи, кај 223 (52,1%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 245 (14,2%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 95 смртни случаи (Лт = 5,5%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=62) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 16,2/100.000 жители. Регистрирани се 63 смртни случаи кај лица од машки и 32 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 70 (73,7%) се регистрирани коморбидитети.

Од вкупниот број на случаи, 96 (5,6%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 1.032 лица (59,9%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 13.05.2020 тестирани се вкупно 20.088 материјали (детектирани 1.723 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 9.708 теста на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=20.088)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни
ВКУПНО 20.088 1.723
ИЈЗ – Вирусологија 13.471 1.392
Ветеринарен Факултет (скрининг) 534 38
Авицена (скрининг) 492 32
Биотек (приватни) 1.129 48
Жан Митрев Клиника (приватни) 3.649 161
Систина (приватни) 552 21
МАНУ 261 31

Според исходот од заболувањето, 393 лица (22,8%) се активни случаи, 1.235 случаи (71,7%) се водат како оздравени (220 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 229 (18,5%) биле хоспитализирани додека останатите 1.006 (81,5%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.723)

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 139 432 18 589
Куманово 47 344 20 411
Прилеп 62 116 12 190
Тетово 62 53 10 125
Велес 49 56 6 111
Струга 6 49 14 69
Дебар 47 4 51
Штип 1 32 2 35
Кочани 4 25 2 31
Битола 6 17 2 25
Гостивар 3 14 2 19
Охрид 2 15 17
Демир Капија 5 2 7
Крива Паланка 2 4 6
Кавадарци 4 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Крушево 2 1 3
Пехчево 1 2 3
Кичево 2 2
Кратово 2 2
Пробиштип 2 2
Виница 2 2
Македонски Брод 2 2
Струмица 2 2
Неготино 2 2
Берово 1 1
Валандово 1 1
Демир Хисар 1 1
Делчево 1 1
ВКУПНО 393 1.235 95 1.723

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.723)

korona 13.5.4

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 19:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 05:00-12:00 часот во деновите од понеделник до петок, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-19:00 часот.

На 12.05.2020 Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази (https://vlada.mk/node/21367).

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 13.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво4.170.424 (81.577 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 287.399 (4.245 нови)

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.7316 (24.527 нови)
    • Смртни случаи – 159.799 (1.918 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 1.7564 (37.847 нови)
    • Смртни случаи – 10504 (1.955 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 284.270 (10.243 нови)
    • Смртни случаи – 259 (121 нов)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 16201 (1.329 нови)
    • Смртни случаи – 6.578 (51 нов)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 110.932 (5.031 нов)
    • Смртни случаи – 746 (149 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 49.429 (2.600 нови)
    • Смртни случаи – 500 (51 нов)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 14.05.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје