ВОВЕД

Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања (SARS-CoV, MERS-CoV). На 31 декември 2019 година, кинеските здравствени власти го известија СЗО за појава на кластер на случаи со пневмонија од непознат причинител во Вухан, Кина. На 9-ти јануари 2020 година, веќе беше идентификуван нов коронавирус, за кој генетското секвенционирање утврди дека припаѓа на родот бета-корона вируси. Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето и предизвикува заболување наречено COVID-19. Откако голем број на земји во сите региони на СЗО регистрираа случаи, на 11.03.2020 генералниот секретар на СЗО прогласи пандемија на COVID-19.

Вообичаените симптоми и знаци на инфекција се температура, треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Кај потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Не постои специфичен третман. Сепак, многу од симптомите можат да бидат третирани и затоа третманот треба да е врз основа на клиничката состојба на пациентот.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 25.03.2020

Пријавени се вкупно 24 нови случаи на COVID-19 од 6 градови – Скопје (n=15), Куманово (n=4), Дебар (n=2), Штип (n=1), Охрид (n=1) и Тетово (n=1).

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 50-59 години (n=6), а во однос на дистрибуцијата по пол, 10 машки и 14 се женски.

Хоспитализирано е едно лице, а останатите се на домашно лекување.

Кај пет лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 16 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Тестирани се вкупно 340 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ (n=240) и во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник (n=100). Позитивни се 24 или 7,1% од тестираните, од нив 23 се потврдени во лабораторијата при ИЈЗ, додека еден е потврден во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник.

Регистриран е еден смртен случај од COVID-19. Се работи за пациент на 65 години, од Дебар. Починатата е хоспитализирана на КИБФС на 06.03.2020 година, поради влошување на состојбата е ставена на механичка вентилација, а на 25.03.2020 е регистриран смртен исход.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 25.03.2020, пријавен е вкупно 201 случај на COVID-19 (I=9,7/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 10 градови: Скопје (n=123), Дебар (n=43), Куманово (n=15), Штип (n=8), Велес (n=3), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Прилеп (n=2), Тетово (n=1) и Гостивар (n=1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 19,9 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2 (Картограм 1).

Картограм 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 по градови, (n=201)

25.03

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 100 лица од машки пол и 101 лица од женски пол или сооднос машки – женски 1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 9,6/100.000 жители, додека кај женските изнесува 9,8/100.000 жители.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 43,5 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 46 (22,9%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца од 16,5/100.000 жители и 30-39 години – 44 (21,9%) (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=201)

korona 25.1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=29) е регистриран на 21 и 24.03.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=201)

korona 25 2

Од пријавените случаи, 44 или 21,9% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а 157 случаи се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (68,3%), температура (64,0%), слабост (29,5%), главоболка (25,9%), болка во грло (21,6%) и треска (19,4%), а 62 лица се без изразени симптоми.

Во однос на коморбидитети, кај 43 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 30 лица имаат кардиоваскуларна болест, 7 лица се со хронична белодробна болест, 5 со дијабет, 4 со хронична бубрежна болест и 7 со други хронични болести.

Регистрирани се 20 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 195 лица се активни случаи, три случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 3 смртни случаи.

Од вкупниот број на случаи, 32 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје).

Од 15.02.2020 до 25.03.2020 тестирани се вкупно 1.833 материјали (201 позитивни), од кои 1.173 во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и 660 во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник (Графикон 3).

Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за КОВИД-19 заклучно со 25.03.2020 во Р.С. Македонија (n=1.833)

korona 25 3

Од позитивните случаи, регистрирани се 784 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена. Од регистрираните, 169 случаи се со локална трансмисија.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 25.03.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво413.467 (40.712 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво18.433 (2.202 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 196

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 516 (25.007 нови)
    • Смртни случаи – 986 (1.797 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 97.766 (186 нови)
    • Смртни случаи – 3.518 (16 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 344 (354 нови)
    • Смртни случаи – 72 (7 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 29.631 (416 нови)
    • Смртни случаи – 008 (131 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 384 (11.390 нови)
    • Смртни случаи – 813 (248 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.664 (359 нови)
    • Смртни случаи – 29 (3 нови)

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 26.03.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје