СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 08.06.2020

Тестирани се вкупно 987 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 87 нови позитивни случаи од 9 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (46,0%).

Од вкупниот број на тестирани, 80 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Скопје), без регистриран потврден случај.

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 08.06.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 40* 0
Штип 15 0
Куманово 13 1
Тетово 10 0
Пробиштип 4 0
Охрид 2 0
Струга 1 0
Гостивар 1 0
Кочани 1* 0
Вкупно 87 1

*по еден случај од Скопје и Кочани е под епидемиолошко истражување

Најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 20 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 48 лица од женски и 39 од машки пол.

Од епидемиолошки обработените случаи (n=85), регистрирани се 6 хоспитализирани, а кај 22 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од обработените, 46 (52,9%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирано е едно лице со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 5 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавен е еден смртен случај, од Куманово (Табела 1). Случајот е на возраст од 74 години, со присутни симптоми. Случајот бил хоспитализиран во Клиниката за кардиологија каде и починал. Кај починатиот се регистрирани коморбидитети и истиот имал контакт со потврден случај.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 08.06.2020, пријавени се вкупно 3.239 случаи на COVID-19 (I=155,9/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Велес, Прилеп и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга, Гостивар и Тетово (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 3.239 155,9 157 7,6 4,8%
Скопје 1372 222,1 40 6,5 2,9%
Куманово 569 398,8 27 18,9 4,7%
Тетово 301 150,7 25 12,5 8,3%
Штип 223 423,4 2 3,8 0,9%
Прилеп 218 228,7 17 17,8 7,8%
Велес 144 217,3 10 15,1 6,9%
Струга 106 156,2 21 31,0 19,8%
Дебар 53 191,0 4 14,4 7,5%
Кочани 53 110,5 2 4,2 3,8%
Гостивар 51 42,6 3 2,5 5,9%
Охрид 37 65,9 0 0,0 0,0%
Битола 30 29,4 2 2,0 6,7%
Неготино* 16 68,2 0 0,0 0,0%
Пробиштип 11 71,9 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 7 29,3 0 0,0 0,0%
Кавадарци 6 13,9 1 2,3 16,7%
Гевгелија 6 17,4 0 0,0 0,0%
Струмица 5 5,3 1 1,1 20,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Валандово 3 25,3 0 0,0 0,0%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Кратово 3 31,4 0 0,0 0,0%
Свети Николе 3 14,6 0 0,0 0,0%
Кичево 3 5,2 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 2 17,9 0 0,0 0,0%
Берово 2 15,4 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%

*9 лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 423,4 заболени на 100.000 жители, Куманово (398,8/100.000), Прилеп (228,7/100.000), Скопје (222,1/100.000), Велес (217,3/100.000), Дебар (191,0/100.000), Струга (156,2/100.000), Тетово (150,7/100.000) и Кочани (110,5/100.000) додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Пробиштип, Неготино, Охрид и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

9.6.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.573 машки и 1.666 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 151,8/100.000, додека кај женските 161,3/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 43,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 654 (20,2%) со инциденца од 170,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 226,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (630 заболени). Најниска инциденца од 75,6 и 70,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 173 и 177 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=3.239)

9.6.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=180) е регистриран на 04.06.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=3.239)

9.6.3

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 23-тата недела (n=838) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=3.153)

9.6.4

Од епидемиолошки обработените случаи (n=3.235), 21,4% (n=694) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес, Струмица, Охрид и Гостивар), моментално се хоспитализирани 181 лица, а од нив 48 е на кислородна поддршка, 7 на механичка вентилација и 2 на неинвазивна вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (62,9%), кашлица (48,6%), малаксаност (41,0%), треска (18,5%), главоболка (15,1%), отежнато дишење (13,5%) и болка во грло (14,2%).

Кај 1.136 или 35,1% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 812 или 71,5% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Пријавени се 34 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 11 се/биле хоспитализирани во текот на болеста. Шеснаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, кај 930 (28,8%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 636 лица имаат кардиоваскуларна болест, 227 дијабет, 150 се со хронична белодробна болест и 174 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 378 (54,5%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 329 (10,2%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 157 смртни случаи (Лт = 4,8%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=103) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 26,9/100.000 жители. Регистрирани се 107 смртни случаи кај лица од машки и 50 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 120 (76,4%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=86), дијабет (n=33) и белодробна болест (n=30). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (5,7%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 148 (94,3%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=157)

9.6.5

Од вкупниот број на случаи, 103 (3,2%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 08.06.2020. Вкупно 1.894 лица (58,5%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 08.06.2020 тестирани се вкупно 38.014 материјали (детектирани 3.239 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 18.372 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=38.014)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 38.014 3.239 4.636 20 33.378 3.219
ИЈЗ – Вирусологија 22.620 2.339 2.899 18 19.721 2.321
ЦЈЗ Скопје 378 90 0 0 378 90
Авицена 1.428 122 0 0 1.428 122
Биотек 2.769 84 0 0 2.769 84
Жан Митрев Клиника 5.229 274 0 0 5.229 274
Систина 2.109 81 0 0 2.109 81
МАНУ 2.726 168 1.737 2 989 166
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81

Според исходот од заболувањето, 1.424 лица (44,0%) се активни случаи, 1.658 случаи (51,2%) се водат како оздравени (249 од нив се здравствени работници и 15 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 373 (22,5%) биле хоспитализирани додека останатите 1.285 (77,5%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=3.239)

9.6.6

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=3.239)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 759 573 40 1372
Куманово 151 391 27 569
Тетово 135 141 25 301
Штип 184 36 2 222
Прилеп 25 176 17 218
Велес 30 104 10 144
Струга 33 52 21 106
Кочани 23 29 2 54
Дебар 2 47 4 53
Гостивар 29 19 3 51
Охрид 20 17 37
Битола 3 25 2 30
Пробиштип 9 2 11
Демир Капија 2 7 9
Крива Паланка 1 6 7
Неготино 5 2 7
Гевгелија 2 4 6
Кавадарци 1 4 1 6
Струмица 2 2 1 5
Радовиш 4 4
Кратово 1 2 3
Валандово 2 1 3
Виница 1 2 3
Крушево 2 1 3
Свети Николе 2 1 3
Кичево 1 2 3
Пехчево 3 3
Македонски Брод 2 2
Берово 1 1 2
Делчево 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 1.424 1.658 157 3.239

 

 

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=894)

Град/ општина Активни случаи
Скопје 759
Чаир 195
Бутел 72
Центар 71
Аеродром 67
Гази Баба 66
Карпош 64
Сарај 58
Кисела Вода 39
Ѓорче Петров 26
Студеничани 24
Арачиново 24
Шуто Оризари 21
Илинден 19
Петровец 6
Чучер Сандево 3
Сопиште 2
странец 2
Тетово 135
Тетово 88
Теарце 22
Боговиње 11
Брвеница 5
Јегуновце 5
Желино 4

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 08.06.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 7.039.918 (108.918 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 404.396 (3.539 нови)

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 3.366.251 (54.864 нови)
    • Смртни случаи – 183.950 (2.146 нови)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.303.361 (16.801 нови)
    • Смртни случаи – 184.671 (551 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 658.614 (17.185 нови)
    • Смртни случаи – 14.913 (311 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 378.118 (13.922 нови)
    • Смртни случаи – 10.376 (406 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 192.335 (060 нови)
    • Смртни случаи – 7.121 (9 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 140.498 (5.086 нови)
    • Смртни случаи – 3.352 (116 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 08.06.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје