СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 01.04.2020

Пријавени се вкупно 30 нови случаи на COVID-19 од 4 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Скопје (Табела 1).

Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по град и општина, РС Македонија, 2020

Град Број на заболени Општина
Крива Паланка 1
Куманово 8
Прилеп 9
Скопје 12
4 Кисела Вода
  3 Аеродром
  2 Илинден
  1 Карпош
  1 Центар
  1 Бутел

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 40-49 години (n=8), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 17 машки лица.

Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 од КИБФС.

Кај десет лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 20 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а едно лице има историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 342 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 30 или 8,8% од тестираните.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 01.04.2020, пријавени се вкупно 384 случаи на COVID-19 (I=18,6/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 16 градови: Скопје (n=195), Куманово (n=62), Дебар (n=47), Прилеп (n=21), Штип (n=15), Тетово (n=13), Струга (n=9), Велес (n=6), Битола (n=4), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Гевгелија (n=2), Крива Паланка (n=2), Гостивар (n=1), Струмица (n=1) и Кочани (n=1) (Картограм 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 169,3 заболени на 100.000 жители, а во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 43,5 додека во Скопје инциденцата е 31,6 на 100.000 жители.

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

мапа 01,04

На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (n=35). Дистрибуцијата на заболените по општина за територијата на Скопје е претставена на Картограм 2.

Картограм 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 по општини, Скопје (n=195)

viber_image_2020-04-02_16-08-36

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 187 машки и 197 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 18,0/100.000, додека кај женските 19,1/100.000.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 44,9 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 85 (22,1%), а највисока специфична инциденца е регистрирана во ворасната група од 40-49 години – 26,2/100.000 (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=384)

graf 1 korona 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=44) е регистриран на 30.03.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=384)

graf 2 korona 1

Од пријавените случаи, 24,7% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (65,3%), температура (64,6%), слабост (34,7%), главоболка (23,4%), треска (21,2%), болка во грло (16,8%) и отежнато дишење (16,8%), а 110 лица се/биле без изразени симптоми.

Во однос на коморбидитети, кај 97 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 73 лица имаат кардиоваскуларна болест, 23 лица се со хронична белодробна болест, 20 со дијабет, 5 со хронична бубрежна болест и 9 со други хронични болести.

Регистрирани се 41 случај на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 28 се заболени во болнички/ амбулантски услови.

Според исходот од заболувањето, кај 356 лица се активни случаи, 17 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 11 смртни случаи (Лт = 2,9%).

Од вкупниот број на случаи, 52 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 249 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).

Од 15.02.2020 до 01.04.2020 тестирани се вкупно 4.117 материјали (384 позитивни) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Графикон 3).

Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 заклучно со 01.04.2020 во Р.С. Македонија (n=4.117)

graf 3 korona 1

Од позитивните случаи, регистрирани се 996 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, во викедни од 16:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 01.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 823.626 (72.736 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 40.598 (4.193 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 205

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 464.212 (40.266 нови)
    • Смртни случаи – 30.089 (3.395 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 106.422 (554 нови)
    • Смртни случаи – 3.701 (30 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 5.175 (960 нови)
    • Смртни случаи – 195 (29 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 54.281 (3.932 нови)
    • Смртни случаи – 3.115 (161 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 188.751 (25.737 нови)
    • Смртни случаи – 3.400 (564 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 4.073 (287 нови)
    • Смртни случаи – 91 (14 нови)

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

Скопје, 02.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје