СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 11.04.2020
Пријавени се вкупно 68 нови случаи на COVID-19 од 9 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово, Скопје и Прилеп (Табела 1).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 2020
Град | Број на заболени | Починати |
Куманово | 18 | 0 |
Скопје | 15 | 0 |
Прилеп | 14 | 0 |
Струга | 10 | 0 |
Велес | 6 | 0 |
Тетово | 2 | 0 |
Битола | 1 | 0 |
Гостивар | 1 | 0 |
Кочани | 1 | 0 |
Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 30-39 години (n=15), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 44 женски и 24 машки лица.
Хоспитализирани се 11 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.
Кај 21 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 41 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирани се две лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
Тестирани се вкупно 404 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 68 или 16,8% од тестираните.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 11.04.2020, пријавени се вкупно 828 случаи на COVID-19 (I=40,0/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 19 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје и Куманово, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга и Тетово (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по градови | Вкупно | Инциденца/ 100.000 | Умрени (вкупно) | Леталитет |
Скопје | 312 | 50.5 | 5** | 1.6% |
Куманово | 200 | 140.2 | 10 | 5.0% |
Дебар | 49 | 176.5 | 4 | 8.2% |
Штип | 27 | 51.3 | 1 | 3.7% |
Прилеп | 72 | 75.5 | 1 | 1.4% |
Тетово | 33 | 16.5 | 4 | 12.1% |
Струга | 43 | 63.4 | 6 | 14.0% |
Велес | 30 | 45.3 | 1 | 3.3% |
Битола | 9 | 8.8 | 0 | 0.0% |
Охрид | 4 | 7.1 | 0 | 0.0% |
Кавадарци | 3 | 7.0 | 1* | 33.3% |
Гостивар | 8 | 6.7 | 0 | 0.0% |
Гевгелија | 4 | 11.6 | 0 | 0.0% |
Струмица | 2 | 2.1 | 0 | 0.0% |
Крива Паланка | 3 | 12.5 | 0 | 0.0% |
Радовиш | 4 | 12.3 | 0 | 0.0% |
Крушево | 3 | 31.5 | 0 | 0.0% |
Кочани | 21 | 43.8 | 1 | 4.8% |
Пробиштип | 1 | 6.5 | 0 | 0.0% |
ВКУПНО | 828 | 40.0 | 34 | 4.1% |
*странски државјанин ** затвореник со место на живеење во Ресен
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 140,2, додека инциденца над 40 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Штип, Прилеп, Кочани, Велес и Струга (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 386 машки и 442 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 37,2/100.000, додека кај женските 42,8/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 45,5 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 176 (21,3%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 63,3/100.000 (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=828)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=72) е регистриран на 04.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=828)
Од пријавените случаи, 23,1% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,7%), кашлица (58,0%), слабост (34,3%), треска (19,4%), болка во грло (15,4%), отежнато дишење (15,2%) и главоболка (12,8%), а 257 лица се/биле без симптоми.
Во однос на коморбидитети, кај 231 лице се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 157 лица имаат кардиоваскуларна болест, 49 лица се со хронична белодробна болест, 47 со дијабет, 15 со хронична бубрежна болест и 32 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 94 се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 117 случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Според исходот од заболувањето, кај 753 лица се активни случаи, 41 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 34 смртни случаи (Лт = 4,1%).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=22) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 5,7/100.000 жители. Од починатите, кај 26 се регистрирани коморбидитети, а 19 лица имаат контакт со веќе потврден случај на COVID-19.
Од вкупниот број на случаи, 84 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 503 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).
Од 15.02.2020 до 10.04.2020 тестирани се вкупно 8.057 материјали (детектирани 828 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3).
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=8.057)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни |
ВКУПНО | 8.057 | 828 |
ИЈЗ - Вирусологија | 5.332 | 698 |
Ветеринарен Факултет (скрининг) | 167 | 10 |
Авицена (скрининг) | 177 | 9 |
Биотек (приватни) | 354 | 19 |
Жан Митрев Клиника (приватни) | 2.192 | 92 |
Од позитивните случаи, регистрирани се 1.979 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 16:00 – 05:00, во викедни целосно, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 10:00-12:00 часот, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-15:00 часот.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 11.04.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 1.610.909 (89.657 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 99.690 (6.892 нови)
Број на зафатени земји/ територии – 214
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 839.257 (39.561 нови)
- Смртни случаи – 70.565 (4.352 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 536.664 (43.491 нови)
- Смртни случаи – 19.294 (256 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 118.549 (302 нови)
- Смртни случаи – 4.017 (39 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 92.226 (569 нови)
- Смртни случаи – 4.771 (164 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 14.161 (1.183 нови)
- Смртни случаи – 617 (48 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 9.340 (551 нови)
- Смртни случаи – 415 (33 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 12.04.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје