СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 11.05.2020

Тестирани се вкупно 189 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 10. Потврдените случаи се од 4 градови (Табела 1).

 

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 11.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 6 0
Куманово 2 0
Прилеп 1 0
Велес 1 0
Делчево 0 1
Вкупно 10 1

 

Регистрирани се случаи во повеќе возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 5  женски и  машки лица.

Регистрирани се 2 хоспитализирани лица.  Кај 3 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 7 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 5 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Регистриран е еден смртен случај од Делчево, машко лице на возраст од 61 година, претходно хоспитализиран на УК Онкологија со радиотерапија, а по докажување на болеста префрлен на КИБФС каде и починал. Кај починатото лице се регистрирани коморбидитети и контакт со веќе потврдено лице, без историја на патување надвор од државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 11.05.2020, пријавени се вкупно 1.674 случаи на COVID-19 (I=80,9/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар и Куманово. Највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет Леталитет
Вкупно 1.674 80.9 92 4.4 5.5%
Скопје 569 92.1 18 2.9 3.2%
Куманово 410 287.3 20 14.0 4.9%
Прилеп 179 187.8 11 11.5 6.1%
Тетово 117 58.6 9 4.5 7.7%
Велес 108 163.0 5 7.5 4.6%
Струга 67 98.7 14 20.6 20.9%
Дебар 51 183.8 4 14.4 7.8%
Штип 35 66.4 2 3.8 5.7%
Кочани 31 64.6 2 4.2 6.5%
Битола 23 22.6 2 2.0 8.7%
Гостивар 19 15.9 2 1.7 10.5%
Охрид 15 26.7 0 0.0 0.0%
Неготино* 9 38.3 0 0.0 0.0%
Крива Паланка 6 25.1 0 0.0 0.0%
Кавадарци 5 11.6 1 2.3 20.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0 0.0%
Крушево 3 31.5 1 10.5 33.3%
Пехчево 3 60.1 0 0.0 0.0%
Струмица 2 2.1 0 0.0 0.0%
Пробиштип 2 13.1 0 0.0 0.0%
Македонски Брод 2 17.9 0 0.0 0.0%
Виница 2 10.3 0 0.0 0.0%
Кратово 2 20.9 0 0.0 0.0%
Кичево 2 3.5 0 0.0 0.0%
Демир Хисар 1 11.9 0 0.0 0.0%
Берово 1 7.7 0 0.0 0.0%
Валандово 1 8.4 0 0.0 0.0%
Делчево 1 4.2 1 4.2 100.0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 287,3 заболени на 100.000 жители, Прилеп (187,8/100.000), Дебар (183,8/100.000) и Велес (163,0/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

12.5.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 799 машки и 875 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 77,1/100.000, додека кај женските 84,7/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 45,1 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 364 (21,7%) со инциденца од 95,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 126,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (351 заболен). Најниска инциденца од 27,1 и 29,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 62 и 73 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.674)

12.5.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.674)

12.5.3

Од пријавените случаи, 23,8% (n=399) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,0%), кашлица (54,7%), малаксаност (37,3%), треска (19,9%), главоболка (15,2%), болка во грло (14,9%) и отежнато дишење (14,7%).

Кај 556 или 33,2% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 408 или 73,4% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 502 (30,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 345 лица имаат кардиоваскуларна болест, 111 дијабет, 90 лица се со хронична белодробна болест, 21 со хронична бубрежна болест и 73 со други хронични болести.

Од хоспитализираните случаи, кај 210 (52,6%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 243 (14,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани е 92 смртни случаи (Лт = 5,5%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=60) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 15,7/100.000 жители. Регистрирани се 62 смртни случаи кај лица од машки и 30 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 68 (73,9%) се регистрирани коморбидитети.

Од вкупниот број на случаи, 96 (5,7%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 1.004 лица (60,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 11.05.2020 тестирани се вкупно 19.430 материјали (детектирани 1.674 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 9.390 теста на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=19.430)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни
ВКУПНО 19.430 1.674
ИЈЗ – Вирусологија 13099 1356
Ветеринарен Факултет (скрининг) 491 33
Авицена (скрининг) 462 31
Биотек (приватни) 1071 44
Жан Митрев Клиника (приватни) 3576 160
Систина (приватни) 506 21
МАНУ 225 29

Според исходот од заболувањето, 377 лица (22,5%) се активни случаи, 1.205 случаи (72,0%) се водат како оздравени (217 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 220 (18,3%) биле хоспитализирани додека останатите 985 (81,7%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.674)

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 131 420 18 569
Куманово 46 344 20 410
Прилеп 59 109 11 179
Тетово 58 50 9 117
Велес 50 53 5 108
Струга 4 49 14 67
Дебар 47 4 51
Штип 2 31 2 35
Кочани 5 24 2 31
Битола 4 17 2 23
Гостивар 4 13 2 19
Охрид 15 15
Демир Капија 5 2 7
Крива Паланка 2 4 6
Кавадарци 1 3 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Крушево 2 1 3
Пехчево 2 1 3
Кичево 2 2
Кратово 2 2
Пробиштип 2 2
Виница 2 2
Македонски Брод 2 2
Струмица 2 2
Неготино 2 2
Берово 1 1
Валандово 1 1
Демир Хисар 1 1
Делчево 1 1
ВКУПНО 377 1.205 92 1.674

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.674)

12.5.4

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 19:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 05:00-12:00 часот во деновите од понеделник до петок, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-19:00 часот.

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 11.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво4.006.257 (88.891 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 278.892 (4.531 нови)

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.731.606 (23.660 нови)
    • Смртни случаи – 156.603 (1.051 нов)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 1.702.451 (47.073 нови)
    • Смртни случаи – 101.874 (3.151 нов)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 164 (9.436 нови)
    • Смртни случаи – 013 (135 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 160.910 (1.248 нови)
    • Смртни случаи – 6.493 (23 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 100.881 (5.567 нови)
    • Смртни случаи – 481 (125 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 44.533 (1.907 нови)
    • Смртни случаи – 415 (46 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 12.05.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје