СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 13.04.2020

Тестирани се вкупно 710 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 54 или 7,6% од тестираните. Потврдените случаи се од 8 градови, а најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово, Скопје и Прилеп. За прв пат е регистриран случај кај лице од Кичево (Табела 1).

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 13.04.2020

Град Број на заболени Починати
Куманово 25 2
Скопје 13 0
Прилеп 10 1
Велес 2 1
Штип 1 0
Тетово 1 0
Гостивар 1 0
Кичево 1 0
Струга 0 2
 Вкупно 54 6

Најголем дел од регистрираните случаи, по 14, се на возраст од 30 – 39 и 50 – 59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 22 женски и 32 машки лица.

Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 13 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 23 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирани се 4 лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат дополнителни 42 лица кои биле на домашно лекување или биле хоспитализирани.

На КИБФС починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од Струга, Прилеп и Куманово. Кај три лица биле присутни коморбидитети, а само еден имал контакт со веќе потврден случај во државата. Во ГОБ 8-ми септември починаа 2 лица, од Велес и пациент од Куманово. Кај овие починати не се регистрирани коморбидитети.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 13.04.2020, пријавени се вкупно 908 случаи на COVID-19 (I=43,9/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 20 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје  и Куманово, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга и Тетово  (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по градови Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Леталитет
Вкупно 908 43.9 44 4.8%
Скопје 329 53.3 7 2.1%
Куманово 236 165.4 12 5.1%
Прилеп 85 89.2 3 3.5%
Дебар 49 176.5 4 8.2%
Струга 43 63.4 8 18.6%
Тетово 38 19.0 4 10.5%
Велес 34 51.3 3 8.8%
Штип 28 53.2 1 3.6%
Кочани 22 45.9 1 4.5%
Битола 9 8.8 0 0.0%
Гостивар 9 7.5 0 0.0%
Охрид 4 7.1 0 0.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0%
Кавадарци 3 7.0 1 33.3%
Крива Паланка 3 12.5 0 0.0%
Крушево 3 31.5 0 0.0%
Струмица 2 2.1 0 0.0%
Пробиштип 2 13.1 0 0.0%
Кичево 1 1.7 0 0.0%

*странски државјанин  ** затвореник со место на живеење во Ресен

 

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 165,4, додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Прилеп, Струга, Веелс, Штип и Скопје (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

мапа (3)

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 431 машки и 477 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 41,6/100.000, додека кај женските 46,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 198 (21,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 71,2/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 190 случаи со инциденца од 49,6/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 14,4  и 14,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 33 и 37 случаи соодветно.

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=908)

korona 13.4.1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=72) е регистриран на 04.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=908)

korona 13.4.2

Од пријавените случаи, 22,1% (n=201) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,2%), кашлица (56,6%), малаксаност (33,4%), треска (18,5%), болка во грло (15,8%), отежнато дишење (14,6%) и главоболка (11,6%).

Кај 276 или 30,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Во однос на коморбидитети, кај 55 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 172 лица имаат кардиоваскуларна болест, 54 лица се со хронична белодробна болест, 51 со дијабет, 15 со хронична бубрежна болест и 41 со други хронични болести.

Од хоспитализираните случаи, кај 101 се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 126 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 753 лица се активни случаи, 86 случаи се водат ако оздравени (7 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.

Регистрирани се 44 смртни случаи (Лт = 4,8%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=30) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 7,8/100.000 жители. Од починатите, кај 32 (72,7%) се регистрирани коморбидитети.

Од вкупниот број на случаи, 89 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 539 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 13.04.2020 тестирани се вкупно 9.262 материјали (детектирани 908 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 4.476 теста на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=9.262)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни
ВКУПНО 9262 908
ИЈЗ - Вирусологија 6179 768
Ветеринарен Факултет (скрининг) 198 10
Авицена (скрининг) 197 9
Биотек (приватни) 378 20
Жан Митрев Клиника (приватни) 2310 98
Систина (приватни) 3

Од позитивните случаи, регистрирани се 2.135 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок.

 

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 16:00 – 05:00, во викедни целосно, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 10:00-12:00 часот, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-15:00 часот.

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 13.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 1.773.084 (76.498 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 111.652 (5.702 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 213

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 913.349 (33.243 нови)
    • Смртни случаи – 77.419 (3.183 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 610.742 (36.804 нови)
    • Смртни случаи – 23.759 (2.228 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 121.426 (310 нови)
    • Смртни случаи – 4.125 (67 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 99.713 (768 нови)
    • Смртни случаи – 5.107 (164 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 16.883 (842 нови)
    • Смртни случаи – 766 (38 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 10.259 (531 нови)
    • Смртни случаи – 464 (21 нови)

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

Скопје, 14.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје