СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 14.04.2020
Тестирани се вкупно 500 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 66 или 13,2% од тестираните. Потврдените случаи се од 11 градови, а најголем број од пријавените лица се со место на живеење во Куманово и Скопје. За прв пат е регистриран случај кај лица од Неготино (Табела 1).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 14.04.2020
Град | Број на заболени | Починати |
Куманово | 27* | 0 |
Скопје | 10 | 1 |
Струга | 6 | 0 |
Тетово | 5* | 0 |
Прилеп | 4 | 0 |
Штип | 3 | 0 |
Охрид | 3 | 0 |
Кочани | 3 | 0 |
Велес | 2 | 0 |
Неготино | 2 | 0 |
Гостивар | 1 | 0 |
Вкупно | 66 | 1 |
*податоци за 4 лица од Тетово и Куманово се во фаза на истражување
Најголем дел од регистрираните случаи, 17, се на возраст од над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 32 женски и 34 машки лица.
Хоспитализирани се 12 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 22 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 42 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирано е едно лице кое имало историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат дополнителни 12 лица кои биле на домашно лекување или биле хоспитализирани.
Добиен е позитивен резултат за SARS-CoV-2 за лице кое почина во ГОБ 8-ми септември на 13.04.2020. Се работи за пациентка од Скопје на возраст над 60 години кај која биле присутни коморбидитети.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 14.04.2020, пријавени се вкупно 974 случаи на COVID-19 (I=47,1/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 21 град низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје и Куманово, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по градови | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Леталитет |
Вкупно | 974 | 47.1 | 45 | 4.6% |
Скопје | 339 | 54.9 | 8* | 2.4% |
Куманово | 262 | 183.6 | 12 | 4.6% |
Прилеп | 89 | 93.4 | 3 | 3.4% |
Дебар | 49 | 176.5 | 4 | 8.2% |
Струга | 49 | 72.2 | 8 | 16.3% |
Тетово | 43 | 21.5 | 4 | 9.3% |
Велес | 36 | 54.3 | 3 | 8.3% |
Штип | 31 | 58.9 | 1 | 3.2% |
Кочани | 25 | 52.1 | 1 | 4.0% |
Гостивар | 10 | 8.3 | 0 | 0.0% |
Битола | 9 | 8.8 | 0 | 0.0% |
Охрид | 7 | 12.5 | 0 | 0.0% |
Гевгелија | 4 | 11.6 | 0 | 0.0% |
Радовиш | 4 | 12.3 | 0 | 0.0% |
Кавадарци | 3 | 7.0 | 1* | 33.3% |
Крива Паланка | 4 | 16.7 | 0 | 0.0% |
Крушево | 3 | 31.5 | 0 | 0.0% |
Струмица | 2 | 2.1 | 0 | 0.0% |
Пробиштип | 2 | 13.1 | 0 | 0.0% |
Неготино | 2 | 8.5 | 0 | 0.0% |
Кичево | 1 | 1.7 | 0 | 0.0% |
*странски државјанин ** затвореник со место на живеење во Ресен
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 183,6 заболени на 100.000 жители, во Дебар инциденцата на 100.000 жители останува на 176,5, додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Прилеп, Струга, Велес, Штип, Кочани и Скопје (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 465 машки и 509 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 44,9/100.000, додека кај женските 49,3/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 212 (21,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 76,2/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 207 случаи со инциденца од 54,0/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 14,4 и 16,0 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 33 и 40 случаи соодветно.
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=974)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=72) е регистриран на 04.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=974)
Од пријавените случаи за кои се добиени податоци (970), 22% (n=213) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,2%), кашлица (55,7%), малаксаност (32,8%), треска (18,5%), болка во грло (15,7%), отежнато дишење (14,5%) и главоболка (10,9%).
Кај 301 или 31% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Во однос на коморбидитети, кај 277 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 187 лица имаат кардиоваскуларна болест, 55 лица се со хронична белодробна болест, 54 со дијабет, 15 со хронична бубрежна болест и 45 со други хронични заболувања.
Од хоспитализираните случаи, кај 106 се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 143 случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Според исходот од заболувањето, кај 831 лица се активни случаи, 98 случаи се водат како оздравени (8 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.
Регистрирани се 45 смртни случаи (Лт = 4,6%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=31) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 8,1/100.000 жители. Од починатите, кај 33 (73,3%) се регистрирани коморбидитети.
Од вкупниот број на случаи, 90 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 581 лице имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 14.04.2020 тестирани се вкупно 9.762 материјали (детектирани 974 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 4.718 теста на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=9.762)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни |
ВКУПНО | 9762 | 974 |
ИЈЗ - Вирусологија | 6489 | 828 |
Ветеринарен Факултет (скрининг) | 222 | 10 |
Авицена (скрининг) | 221 | 11 |
Биотек (приватни) | 402 | 21 |
Жан Митрев Клиника (приватни) | 2428 | 101 |
Систина (приватни) | 3 |
Од позитивните случаи, регистрирани се 2.489 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 16:00 – 05:00, во викедни целосно, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 10:00-12:00 часот, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-15:00 часот.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 14.04.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 1.914.916 (70.082 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 123.010 (5.989 нови)
Број на зафатени земји/ територии – 213
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 977.596 (34.324 нови)
- Смртни случаи – 84.607 (3.895 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 673.361 (28.404 нови)
- Смртни случаи – 27.336 (1.785 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 124.204 (399 нови)
- Смртни случаи – 4.201 (40 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 107.389 (751 нови)
- Смртни случаи – 5.395 (140 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 20.287 (1.624 нови)
- Смртни случаи – 936 (107 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 11.367 (580 нови)
- Смртни случаи – 523 (22 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 15.04.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје