СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 15.05.2020

Тестирани се вкупно 462 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 171 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките од Скопје и Битола без регистриран позитивен случај.

Регистрирани се 22 нови позитивни лица. Потврдените случаи се од 6 градови (Табела 1).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 15.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 9 1
Тетово 6 0
Прилеп 4 0
Куманово 1 0
Велес 1 0
Охрид 1 0
Вкупно 22 1

 

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 11 лица од женски и  машки пол.

Регистрирани се три хоспитализирани лица. Кај девет лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 13 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 16 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавен е еден смртен случај со место на живеење од Скопје. Случајот е женско лице на возраст од 79 години, со присутни симптоми и пропратни коморбидитети, хоспитализирана во ГОБ 8-ми септември каде и починала. Пријавениот случај е без историја на патување и контакт на потврден случај во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 15.05.2020, пријавени се вкупно 1.762 случаи на COVID-19 (I=85,2/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Куманово и Прилеп. Највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет Леталитет
Вкупно 1.762 85.2 98 4.7 5.6%
Скопје 601 97.3 20 3.2 3.3%
Куманово 414 290.1 20 14.0 4.8%
Прилеп 197 206.7 12 12.6 6.1%
Тетово 137 68.6 10 5.0 7.3%
Велес 114 172.1 7 10.6 6.1%
Струга 69 101.7 14 20.6 20.3%
Дебар 51 183.8 4 14.4 7.8%
Штип 35 66.4 2 3.8 5.7%
Кочани 31 64.6 2 4.2 6.5%
Битола 26 25.5 2 2.0 7.7%
Гостивар 19 15.9 2 1.7 10.5%
Охрид 18 32.1 0 0.0 0.0%
Неготино* 9 38.3 0 0.0 0.0%
Крива Паланка 6 25.1 0 0.0 0.0%
Кавадарци 5 11.6 1 2.3 20.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0 0.0%
Крушево 3 31.5 1 10.5 33.3%
Пехчево 3 60.1 0 0.0 0.0%
Струмица 2 2.1 0 0.0 0.0%
Пробиштип 2 13.1 0 0.0 0.0%
Македонски Брод 2 17.9 0 0.0 0.0%
Виница 2 10.3 0 0.0 0.0%
Кратово 2 20.9 0 0.0 0.0%
Кичево 2 3.5 0 0.0 0.0%
Демир Хисар 1 11.9 0 0.0 0.0%
Берово 1 7.7 0 0.0 0.0%
Валандово 1 8.4 0 0.0 0.0%
Делчево 1 4.2 1 4.2 100.0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 290,1 заболени на 100.000 жители, Прилеп (206,7/100.000), Дебар (183,8/100.000), Велес (172,1/100.000) и Струга (101,7/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Тетово, Штип, Кочани, и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

16.5.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирано е 841 машко и 921 женско лице. Специфичниот морбидитет кај машките е 81,1/100.000, додека кај женските 89,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 385 (21,9%) со инциденца од 100,4/100.000, а највисока специфична инциденца од 132,7/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (369 заболени). Најниска инциденца од 27,1 и 30,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 62 и 76 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.762)

16.5.2.1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.762)

16.5.3

Од пријавените случаи, 25,3% (n=445) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,4%), кашлица (54,3%), малаксаност (37,6%), треска (19,5%), главоболка (15,1%), болка во грло (14,7%) и отежнато дишење (14,4%).

Кај 570 или 32,3% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 418 или 73,3% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 542 (30,8%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 373 лица имаат кардиоваскуларна болест, 118 дијабет, 94 се со хронична белодробна болест, 22 со хронична бубрежна болест и 77 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 234 (52,6%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 247 (14,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 98 смртни случаи (Лт = 5,6%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=65) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 17,0/100.000 жители. Регистрирани се 65 смртни случаи кај лица од машки и 33 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 73 (74,5%) се регистрирани коморбидитети. Тринаесет (13,3%) од пријавените случаи починале во домашни услови, а останатите 85 (86,7%) починале за време на хоспитализација.

Од вкупниот број на случаи, 96 (5,4%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 1.052 лица (59,7%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 15.05.2020 тестирани се вкупно 21.010 материјали (детектирани 1.762 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 10.154 тест на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=21.010)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 21.010 1.762 396 1 20.614 1.761
ИЈЗ – Вирусологија 13.931 1.421 215 1 13.716 1.420
Ветеринарен Факултет 564 41 0 0 564 41
Авицена 510 32 0 0 510 32
Биотек 1.184 48 0 0 1.184 48
Жан Митрев Клиника 3.776 165 0 0 3.776 165
Систина 575 22 0 0 575 22
МАНУ 470 33 181 0 289 33

Според исходот од заболувањето, 398 лица (22,6%) се активни случаи, 1.266 случаи (71,9%) се водат како оздравени (226 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 236 (18,6%) биле хоспитализирани додека останатите 1.030 (81,4%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.762)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 134 447 20 601
Куманово 44 350 20 414
Прилеп 65 120 12 197
Тетово 74 53 10 137
Велес 48 59 7 114
Струга 4 51 14 69
Дебар 47 4 51
Штип 1 32 2 35
Кочани 4 25 2 31
Битола 7 17 2 26
Гостивар 2 15 2 19
Охрид 3 15 18
Демир Капија 5 2 7
Крива Паланка 2 4 6
Кавадарци 4 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Крушево 2 1 3
Пехчево 1 2 3
Кичево 2 2
Кратово 2 2
Пробиштип 2 2
Виница 2 2
Македонски Брод 2 2
Струмица 2 2
Неготино 2 2
Берово 1 1
Валандово 1 1
Демир Хисар 1 1
Делчево 1 1
ВКУПНО 398 1.266 98 1.762

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.762)

16.5.4

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

На 12.05.2020 Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази (https://vlada.mk/node/21367).

На 53-тата седница на владата одржана на 15.05.2020 е донесено дополнување на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 15.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво4.338.658 (90.269 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 297.119 (5.073 нови)

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.826.295 (24.627 нови)
    • Смртни случаи – 163.277 (1.864 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 1.864.468 (44.915 нови)
    • Смртни случаи – 111.934 (2.813 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 189 (11.384 нови)
    • Смртни случаи – 558 (169 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 165.550 (1.268 нови)
    • Смртни случаи – 6.664 (42 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 122.254 (5.637 нови)
    • Смртни случаи – 4.050 (129 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 54.190 (2.438 нови)
    • Смртни случаи – 623 (56 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 16.05.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје