ВОВЕД

Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања (SARS-CoV, MERS-CoV). На 31 декември 2019 година, кинеските здравствени власти го известија СЗО за појава на кластер на случаи со пневмонија од непознат причинител во Вухан, Кина. На 9-ти јануари 2020 година, веќе беше идентификуван нов коронавирус, за кој генетското секвенционирање утврди дека припаѓа на родот бета-корона вируси. Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето и предизвикува заболување наречено COVID-19. Откако голем број на земји во сите региони на СЗО регистрираа случаи, на 11.03.2020 генералниот секретар на СЗО прогласи пандемија на COVID-19.

Вообичаените симптоми и знаци на инфекција се температура, треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Кај потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Не постои специфичен третман. Сепак, многу од симптомите можат да бидат третирани и затоа третманот треба да е врз основа на клиничката состојба на пациентот.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 21.03.2020

На 21.03.2020 година, пријавени се вкупно 29 нови случаи на COVID-19 од 4 градови – Скопје (n=23), Дебар (n=2), Штип (n=3) и Куманово (n=1). Едно лице од Скопје е изолирано во сопствен стан во Охрид.

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 20-29 и 50-59 години (n=11), а во однос на дистрибуцијата по пол, 17 машки и 12 се женски.

Хоспитализирано е едно лице, а останатите се на домашно лекување (асимптоматски или со лесна клиничка слика).

Кај 3 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 16 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во Република Северна Македонија.

На 21.03.2020 година, тестирани се вкупно 153 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ (n=98) и во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник (n=55). Позитивни се 18,3% од тестираните, односно 6 се потврдени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, додека 23 се потврдени во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 21.03.2020, пријавени се вкупно 114 случаи на COVID-19 (I=5,5/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 7 градови, Скопје (n=66), Дебар (n=36), Штип (n=7), Кавадарци (n=2), Охрид (n=1), Гостивар (n=1) и Куманово (n=1).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 60 лица од машки пол и 54 лица од женски пол или сооднос машки – женски 1,1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 5,8/100.000 жители, додека кај женските изнесува 5,2/100.000 жители.

Возраста на заболените се движи од 4 до 91 години (медијана – 42,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над од 30-39 години – 26 (22,8%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца од 8,2/100.000 жители (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=114)

korona 22 03 sl 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=29) е регистриран на 21.03.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=114)

korona sl 2 22 3

Од пријавените случаи, 25 или 21,9% биле хоспитализирани, а 89 случаи се во домашна изолација, асимптоматски или со лесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (69,2%), кашлица (67,9%), слабост (29,5%) и треска (28,2%), а 36 лица се без симптоми. Едно лице од хоспитализираните е поставено на механичка вентилација поради влошување на состојбата.

Во однос на коморбидитети, кај 22 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 14 лица имаат кардиоваскуларна болест, 4 лица се со хронична белодробна болест, по 3 со дијабет и хронична бубрежна болест, две со хипотироидизам и еден со невромускулна болест.

Регистрирани се 7 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 113 лица се активни случаи, а еден случај е испишан од болница со излечена болест.

Од вкупниот број на случаи, 21 се импортирани, од кои за 3 има податок за контакт со потврден случај на COVID-19 за време на нивниот престој во странство. Само едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје).

Тестирани се вкупно 888 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ (n=535) и во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник (n=353). Од вкупниот број на пријавени, 66 се потврдени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, додека 48 се потврдени во приватната лабораторија при Жан Митрев Клиник (Графикон 3).

Графикон 3.  Дневна дистрибуција на број и процент на позитивни примероци на SARS-CoV2 во С. Македонија, 2020

korona sl 3 22 3

Од позитивните случаи, регистрирани се 670 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена. Од регистрираните, 93 случаи се со локална трансмисија.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 20.03.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 266.073 (32.000 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 11.184 (1.344 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 181

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 128.541 (23.950 нови)
    • Смртни случаи – 6.000 (1.101 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 94.037 (688 нови)
    • Смртни случаи – 3.426 (21 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 979 (61 нови)
    • Смртни случаи – 38 (7 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 22.355 (1.596 нови)
    • Смртни случаи – 1.466 (154 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 18.877 (5.606 нови)
    • Смртни случаи – 235 (57 нови)
  • Афрички Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 572 (99 нови)
    • Смртни случаи – 12 (4 нови)

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 22.03.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје