ВОВЕД

Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања (SARS-CoV, MERS-CoV). На 31 декември 2019 година, кинеските здравствени власти го известија СЗО за појава на кластер на случаи со пневмонија од непознат причинител во Вухан, Кина. На 9-ти јануари 2020 година, веќе беше идентификуван нов коронавирус, за кој генетското секвенционирање утврди дека припаѓа на родот бета-корона вируси. Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето и предизвикува заболување наречено COVID-19. Откако голем број на земји во сите региони на СЗО регистрираа случаи, на 11.03.2020 генералниот секретар на СЗО прогласи пандемија на COVID-19.

Вообичаените симптоми и знаци на инфекција се температура, треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Кај потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Не постои специфичен третман. Сепак, многу од симптомите можат да бидат третирани и затоа третманот треба да е врз основа на клиничката состојба на пациентот.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 24.03.2020

На 24.03.2020 година, пријавени се вкупно 29 нови случаи на COVID-19 од 5 градови – Скопје (n=20), Куманово (n=3), Велес (n=3), Прилеп (n=2) и Дебар (n=1).

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 50-59 години (n=11), а во однос на дистрибуцијата по пол, 17 машки и 12 се женски.

Хоспитализирани се пет лица, а останатите се на домашно лекување (асимптоматски или со лесна клиничка слика).

Кај седум лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 19 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

На 23.03.2020 година, тестирани се вкупно 257 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ (n=157) и во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник (n=100). Позитивни се 29 или 11,3% од тестираните, од нив 24 се потврдени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, додека 5 се потврдени во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 24.03.2020, пријавени се вкупно 177 случаи на COVID-19 (I=8,6/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 9 градови: Скопје (n=108), Дебар (n=41), Куманово (n=11), Штип (n=7), Велес (n=3), Кавадарци (n=2), Прилеп (n=2), Охрид (n=2) и Гостивар (n=1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 144,7 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 17,5 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 13,3 (Картограм 1).

Картограм 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 по градови, (n=177)

korona 24 sl 1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 90 лица од машки пол и 87 лица од женски пол или сооднос машки – женски 1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 8,7/100.000 жители, додека кај женските изнесува 8,4/100.000 жители.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 43,4 години). Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 41 (23,2%) и 50-59 години – 40 (22,6%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца од 14,4/100.000 жители (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=177)

korona 25 sl 2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=29) е регистриран на 21 и 24.03.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=177)

korona 25 sl 3

Од пријавените случаи, 43 или 24,3% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а 134 случаи се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (69,7%), температура (64,8%), слабост (28,7%), болка во грло (24,6%), главоболка (23,8%) и треска (20,5%), а 55 лица се без изразени симптоми. Едно лице од хоспитализираните е поставено на механичка вентилација поради влошување на состојбата.

Во однос на коморбидитети, кај 38 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 26 лица имаат кардиоваскуларна болест, 7 лица се со хронична белодробна болест, 5 со дијабет, 4 со хронична бубрежна болест и 5 со други хронични болести.

Регистрирани се 17 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 174 лица се активни случаи, еден случај е испишан од болница со излечена болест а регистрирани се 2 смртни случаи.

Од вкупниот број на случаи, 32 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје).

Од 15.02.2020 до 24.03.2020 тестирани се вкупно 1.493 материјали (177 позитивни), од кои 933 во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и 560 во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник (Графикон 3).

Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за КОВИД-19 заклучно со 24.03.2020 во Р.С. Македонија (n=1.493)

korona 25 sl 4

Од позитивните случаи, регистрирани се 764 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена. Од регистрираните, 145 случаи се со локална трансмисија.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 23.03.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво372.757 (39.827 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво16.231 (1.722 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 194

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 195.511 (24.087 нови)
    • Смртни случаи – 10.189 (1.447 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 96.580 (850 нови)
    • Смртни случаи – 3.502 (29 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 1.990 (214 нови)
    • Смртни случаи – 65 (7 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 27.215 (1.840 нови)
    • Смртни случаи – 1.877 (136 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 49.444 (12.428 нови)
    • Смртни случаи – 565 (100 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.305 (315 нови)
    • Смртни случаи – 26 (3 нови)

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 25.03.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје