СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 29.03.2020

Пријавени се вкупно 26 нови случаи на COVID-19 од 6 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Скопје (Табела 1).

Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по град и општина, РС Македонија, 2020

Град Број на заболени Општина
Крива Паланка 1
Прилеп 1
Тетово 1
Дебар 1
Куманово 3
Скопје 19
4 Центар
  3 Карпош
  2 Аеродром
  2 Бутел
  2 Ѓорче Петров
  2 Кисела Вода
  2 Илинден
  1 Гази Баба
  1 Од друг град, живее во Скопје

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст над 60 години (n=8), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 13 женски и машки лица.

Хоспитализирани се 5 лица, а останатите се на домашно лекување. Од КИБФС, испишани се 9 оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV2.

Кај осум лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 17 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а 3 лица имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 252 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и во приватните лаборатории. Позитивни се 26 или 10,3% од тестираните.

Регистриран е еден смртен случај од COVID-19. Се работи за пациент на 80 години, од Дебар. Кај починатиот симптомите започнале на 22.03.2020 година, хоспитализиран е на КИБФС на 25.03.2020, а на 29.03.2020 е регистриран смртен исход. Имал контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 29.03.2020, пријавени се вкупно 285 случаи на COVID-19 (I=13,8/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 15 градови: Скопје (n=164), Дебар (n=47), Куманово (n=24), Штип (n=14), Прилеп (n=9), Велес (n=6), Тетово (n=6), Струга (n=5), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Битола (n=1), Гостивар (n=1), Крива Паланка (n=1), Струмица (n=1) и Гевгелија (n=1) (Картограм 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 169,3 заболени на 100.000 жители, а во Скопје и Штип инциденцата е 26,6 на 100.000 жители, додека во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 16,8.

Картограм 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 по градови, (n=285)

Kartogram 1

На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (n=32). Дистрибуцијата на заболените по општина за територијата на Скопје е претставена на Картограм 2.

Картограм 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 по општини, Скопје (n=164)

Kartogram 2

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 138 машки и 147 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 13,3/100.000, додека кај женските 14,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 44,4 години). Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 год – 64 (22,5%), над 60 год – 58 (20,4%) и од 50-59 год – 57 (20,4%) каде е регистрирана највисока специфична инциденца – 20,5/100.000 (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=285)

korona graf 1 29.3

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=29) е регистриран на 21 и 24.03.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=241)

korona graf 2 29.3

Од пријавените случаи, 23,5% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (65,3%), температура (64,8%), слабост (34,7%), главоболка (24,9%), треска (22,8%) и болка во грло (19,7%), а 86 лица се/биле без изразени симптоми.

Во однос на коморбидитети, кај 67 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 51 лица имаат кардиоваскуларна болест, 12 лица се со хронична белодробна болест, 11 со дијабет, 4 со хронична бубрежна болест и 8 со други хронични болести.

Регистрирани се 32 случаи на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 24 се заболени во болнички/ амбулантски услови.

Според исходот од заболувањето, кај 266 лица се активни случаи, 12 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 7 смртни случаи.

Од вкупниот број на случаи, 40 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 195 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство.

Од 15.02.2020 до 29.03.2020 тестирани се вкупно 3.126 материјали (285 позитивни), од кои 2.145 во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и 981 во приватните лаборатории (Графикон 3).

Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 заклучно со 27.03.2020 во Р.С. Македонија (n=2.646)

korona graf 3 29.3

Од позитивните случаи, регистрирани се 877 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, во викедни од 16:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 29.03.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво634.835 (63.159 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво29.891 (3.398 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 202

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 031 (36.688 нови)
    • Смртни случаи – 427 (2.687 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 803 (1.343 нови)
    • Смртни случаи – 3.626 (34 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 709 (624 нови)
    • Смртни случаи – 139 (25 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 777 (3.846 нови)
    • Смртни случаи – 668 (160 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 798 (20.484 нови)
    • Смртни случаи – 1.973 (488 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 005 (174 нови)
    • Смртни случаи – 51 (4 нови)

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

Скопје, 30.03.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје