СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 03.04.2020

Пријавени се вкупно 53 нови случаи на COVID-19 од 10 градови. Најголем број од пријавените лица се со место на живеење во Струга и Скопје, додека од 5 пријавени случаи од страна на ЦЈЗ Штип, 2 случаи се по место на живеење од Радовиш (Табела 1).

Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по град и општина, РС Македонија, 2020

Град Број на заболени Смртни случаи
Струга 14 1
Скопје 13 1
Куманово 8 2
Кочани 6  
Штип 3  
Радовиш 2  
Прилеп 2  
Тетово 2  
Гостивар 2  
Велес 1 1
ВКУПНО 53 5

 

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 40-49 години (n=15), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 31 женски и 22 машки лица.

Тестирани се вкупно 414 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 53 или 12,8% од тестираните.

Регистрирани се 5 смртни случаи od COVID-19 во текот на изминатите 24 часа.

Едно лице прикажано во Скопје како починато е од Косово со неколкумесечен престој во РСМ;

Од 2-те починати лица од Куманово, едниот е презентиран претходниот ден, вториот е потврден на 01.04.2020 (без коморбидитети, без патување и контакти со потврден случај);

Починатото лице од Велес е докажано post mortem (коморбидитети: астма, без патување и контакти со потврден случај);

Починатото лице од Струга е со коморбидитети: HTA, ХОББ, без патување и контакти со потврден случај.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 03.04.2020, пријавени се вкупно 483 случаи на COVID-19 (I=23,3/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 17 градови: Скопје (n=221), Куманово (n=93), Дебар (n=49), Прилеп (n=24), Струга (n=23), Штип (n=18), Тетово (n=17), Велес (n=9), Кочани (n=7), Битола (n=4), Гостивар (n=4), Гевгелија (n=4), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Крива Паланка (n=2), Радовиш (n=2) и Струмица (n=1) (Картограм 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, а во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 65,2 додека во Скопје инциденцата е 35,8 на 100.000 жители.

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

мапа 03.04

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 230 машки и 253 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 22,2/100.000, додека кај женските 24,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 44,9 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 101 (20,9%), а највисока специфична инциденца е регистрирана во ворасната група од 50-59 години – 34,5/100.000 (Графикон 1).

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=483)

korona 3 .4 graf 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=53) е регистриран на 03.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=483)

korona 3.4. graf 2

Од 15.02.2020 до 03.04.2020 тестирани се вкупно 4.920 материјали (483 позитивни) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Графикон 3).

Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 заклучно со 03.04.2020 во Р.С. Македонија (n=4.920)

korona 3.4. graf 3

Податоците поврзани со дистрибуција по општини во Скопје, симптоми, коморбидитети, хоспитализација и контакти на случаи за 03.04.2020 се уште се обработуваат и ќе бидат прикажани во наредниот извештај.

Според податоците заклучно со 02.04.2020:

На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 11 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (n=35). Дистрибуцијата на заболените по општина за територијата на Скопје е претставена на Картограм 2.

Од пријавените случаи, 23,7% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (64,1%), температура (63,2%), слабост (33,6%), главоболка (22,0%), треска (19,1%), болка во грло (17,1%) и отежнато дишење (16,4%), а 126 лица се/биле без изразени симптоми.

Во однос на коморбидитети, кај 108 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 79 лица имаат кардиоваскуларна болест, 24 лица се со хронична белодробна болест, 24 со дијабет, 5 со хронична бубрежна болест и 9 со други хронични болести.

Регистрирани се 52 случаи на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 34 се заболени во болнички/ амбулантски услови.

Според исходот од заболувањето, кај 399 лица се активни случаи, 19 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 12 смртни случаи (Лт = 2,8%).

Од вкупниот број на случаи, 57 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 278 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).

Од позитивните случаи, регистрирани се 1030 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, во викедни од 16:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз. Дополнително на 34-тата седница Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (на 03.04.2020 година) до 05:00 часот во понеделник (06.04.2020 година). Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 03.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво972.303 (75.853 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво50.321 (4.822 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 206

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 541.808 (38.802 нови)
    • Смртни случаи – 37.103 (3.499 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 108.930 (304 нови)
    • Смртни случаи – 3.760 (37 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 5.881 (557 нови)
    • Смртни случаи – 245 (29 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 62.236 (4.068 нови)
    • Смртни случаи – 3.438 (159 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 247.473 (30.561 нов)
    • Смртни случаи – 5.600 (1.061 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 5.263 (561 нов)
    • Смртни случаи – 164 (37 нови)

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

Скопје, 04.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје