СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 30.03.2020
Пријавени се вкупно 44 нови случаи на COVID-19 од 7 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово (Табела 1).
Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по град и општина, РС Македонија, 2020
Град | Број на заболени | Општина |
Штип | 1 | |
Прилеп | 1 | |
Тетово | 2 | |
Струга | 2 | |
Битола | 3 | |
Скопје | 12 | |
3 | Центар | |
3 | Чаир | |
2 | Аеродром | |
2 | Карпош | |
1 | Илинден | |
1 | Бутел | |
Куманово | 23 |
Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст над 60 години (n=13), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 28 женски и 16 машки лица.
Хоспитализирани се 13 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема нови испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV2.
Кај 11 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 24 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а 7 лица имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
Тестирани се вкупно 392 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и во приватните лаборатории. Позитивни се 44 или 11,2% од тестираните.
Регистрирани се два смртни случаи од COVID-19. Се работи за пациент на 46 и 78 години, од Куманово и Дебар. Кај починатиот од Дебар симптомите започнале на 23.03.2020 година, хоспитализиран е на КИБФС на 27.03.2020. Имал контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата. Кај починатиот од Куманово симптомите започнале на 25.03.2020 година, хоспитализиран е на КИБФС на 30.03.2020. Кај двете починати лица, присутни се коморбидитети.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 30.03.2020, пријавени се вкупно 329 случаи на COVID-19 (I=15,9/100.000).
Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 15 градови: Скопје (n=176), Дебар (n=47), Куманово (n=47), Штип (n=15), Прилеп (n=10), Тетово (n=8), Струга (n=7), Велес (n=6), Битола (n=4), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Гостивар (n=1), Крива Паланка (n=1), Струмица (n=1) и Гевгелија (n=1) (Картограм 1).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 169,3 заболени на 100.000 жители, а во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 32,9, додека во Скопје и Штип инциденцата е 28,5 на 100.000 жители.
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (n=34). Дистрибуцијата на заболените по општина за територијата на Скопје е претставена на Картограм 2.
Картограм 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 по општини, Скопје (n=176)
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 154 машки и 175 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 14,9/100.000, додека кај женските 16,9/100.000.
Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 44,8 години). Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 год – 74 (22,5%) каде е регистрирана највисока специфична инциденца – 23,2/100.000 (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=329)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=44) е регистриран на 30.03.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=329)
Од пријавените случаи, 24,9% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (66,5%), температура (65,2%), слабост (33,9%), главоболка (24,9%), треска (21,0%), болка во грло (18,0%) и отежнато дишење (16,7%), а 96 лица се/биле без изразени симптоми.
Во однос на коморбидитети, кај 80 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 60 лица имаат кардиоваскуларна болест, 15 лица се со хронична белодробна болест, 15 со дијабет, 4 со хронична бубрежна болест и 9 со други хронични болести.
Регистрирани се 35 случаи на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 26 се заболени во болнички/ амбулантски услови.
Според исходот од заболувањето, кај 308 лица се активни случаи, 12 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 9 смртни случаи.
Од вкупниот број на случаи, 49 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 219 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).
Од 15.02.2020 до 30.03.2020 тестирани се вкупно 3.518 материјали (329 позитивни), од кои 2.425 во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и 1.093 во приватните лаборатории (Графикон 3).
Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 заклучно со 27.03.2020 во Р.С. Македонија (n=3.518)
Од позитивните случаи, регистрирани се 912 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, во викедни од 16:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.
Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.
Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 30.03.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 693.282 (58.469 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 33.106 (3.215 нови)
Број на зафатени земји/ територии – 202
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 392.815 (31.784 нови)
- Смртни случаи – 23.962 (2.535 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 103.775 (987 нови)
- Смртни случаи – 3.649 (23 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 4.084 (375 нови)
- Смртни случаи – 158 (19 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 46.329 (552 нови)
- Смртни случаи – 813 (145 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 142.081 (21.289 нови)
- Смртни случаи – 2.457 (484 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 486 (482 нови)
- Смртни случаи – 60 (9 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 31.03.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје