СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 31.03.2020
Пријавени се вкупно 25 нови случаи на COVID-19 од 7 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Скопје и Куманово (Табела 1).
Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по град и општина, РС Македонија, 2020
Град | Број на заболени | Општина |
Гевгелија | 1 | |
Кочани | 1 | |
Прилеп | 2 | |
Струга | 2 | |
Тетово | 5 | |
Куманово | 7 | |
Скопје | 7 | |
3 | Аеродром | |
1 | Чаир | |
1 | Бутел | |
1 | Ѓорче Петров | |
1 | Илинден |
Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 40-49 и над 60 години (n=7), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 10 женски и 15 машки лица.
Хоспитализирани се 6 лица, а останатите се на домашно лекување. Испишани се 5 оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 од КИБФС.
Кај седум лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 10 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а 2 лица имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
Тестирани се вкупно 257 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 25 или 9,7% од тестираните.
Регистрирани се два смртни случаи од COVID-19. Се работи за пациенти на 64 и 66 години, од Струга. Кај едната почината, симптомите започнале на 26.03.2020 година, хоспитализирана е на КИБФС на 29.03.2020. Нема податок за патување или контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата. Кај втората почината, симптомите започнале на 25.03.2020 година, хоспитализирана била во ОБ Струга од 29.03.2020, а дијагностицирана е по смртта. Кај двете починати лица, присутни се коморбидитети.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 31.03.2020, пријавени се вкупно 354 случаи на COVID-19 (I=17,1/100.000).
Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 16 градови: Скопје (n=183), Куманово (n=54), Дебар (n=47), Штип (n=15), Тетово (n=13), Прилеп (n=12), Струга (n=9), Велес (n=6), Битола (n=4), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Гевгелија (n=2), Гостивар (n=1), Крива Паланка (n=1), Струмица (n=1) и Кочани (n=1) (Картограм 1).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 169,3 заболени на 100.000 жители, а во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 37,8, додека во Скопје инциденцата е 29,6 на 100.000 жители.
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (n=34). Дистрибуцијата на заболените по општина за територијата на Скопје е претставена на Картограм 2.
Картограм 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 по општини, Скопје (n=183)
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 170 машки и 184 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 16,4/100.000, додека кај женските 17,8/100.000.
Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 45 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 79 (22,3%), а највисока специфична инциденца е регистрирана во ворасната група од 30-39 години – 14,5/100.000 (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=354)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=44) е регистриран на 30.03.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=354)
Од пријавените случаи, 24,9% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (66,0%), температура (64,8%), слабост (34,8%), главоболка (24,1%), треска (21,3%), болка во грло (17,0%) и отежнато дишење (17,0%), а 101 лице се/биле без изразени симптоми.
Во однос на коморбидитети, кај 87 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 67 лица имаат кардиоваскуларна болест, 19 лица се со хронична белодробна болест, 18 со дијабет, 5 со хронична бубрежна болест и 9 со други хронични болести.
Регистрирани се 38 случаи на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 26 се заболени во болнички/ амбулантски услови.
Според исходот од заболувањето, кај 326 лица се активни случаи, 17 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 11 смртни случаи (Лт = 3,1%).
Од вкупниот број на случаи, 51 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 229 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).
Од 15.02.2020 до 31.03.2020 тестирани се вкупно 3.775 материјали (354 позитивни) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Графикон 3).
Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 заклучно со 31.03.2020 во Р.С. Македонија (n=3.775)
Од позитивните случаи, регистрирани се 934 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, во викедни од 16:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.
Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.
Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 31.03.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 750.890 (57.610 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 36.405 (3.301 нови)
Број на зафатени земји/ територии – 202
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 946 (31.131 нови)
- Смртни случаи – 26.694 (2.733 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 868 (1.093 нови)
- Смртни случаи – 3.671 (22 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 4.215 (131 нови)
- Смртни случаи – 166 (8 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 349 (4.020 нови)
- Смртни случаи – 954 (142 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 014 (20.935 нови)
- Смртни случаи – 2.836 (379 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 786 (300 нови)
- Смртни случаи – 77 (17 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 01.04.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје