СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 05.04.2020

Пријавени се вкупно 15 нови случаи на COVID-19 од 5 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово (Табела 1).

Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по град и општина, РС Македонија, 2020

Град Број на заболени Починати
Куманово 8
Скопје 4
Тетово 1 2
Струга 1  
Штип 1  
Кочани 0 1

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 50-59 години (n=9), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 9 женски и 6 машки лица.

Хоспитализирани се 3 лица, а останатите се на домашно лекување. Испишани се 5 оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 од КИБФС.

Кај 6 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 10 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а нема лица кои имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 202 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 15 или 7,4% од тестираните.

Регистрирани се три смртни случаи од COVID-19 во текот на изминатите 24 часа. Се работи за пациенти од Тетово и Кочани. Едниот случај е со место на живеење во Тетово кој бил хоспитализиран во Заводот за рехабилитација и физикална терапија – Козле, а после препратен на КИБФС каде и починал во тек на ноќните часови на 05.04.2020. Коморбидитети: невромускуларно заболување и хипотироидизам, без историја на патување и контакти со заболени. Вториот случај е од Кочани, 40 годишен маж, хоспитализиран на КИБФС на 29.03.2020 каде и починал во тек на вчерашниот ден. Случајот е без регистрирани коморбидитети и без историја на патување и контакт со заболен. Третиот случај е со место на живеење во Тетово, 66 годишно лице од машки пол, потврден на 28.03.2020, а хоспитализиран на КИБФС на 29.03.2020 каде и починал. Лицето е без евидентирани пропратни коморбидитети и без историја на патување и контакти со позитивен случај.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 05.04.2020, пријавени се вкупно 570 случаи на COVID-19 (I=27,5/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 18 градови: Скопје (n=239), Куманово (n=121), Дебар (n=49), Прилеп (n=33), Тетово (n=29), Струга (n=25), Штип (n=20), Кочани (n=14), Велес (n=10), Битола (n=6), Радовиш (n=4), Гевгелија (n=4), Гостивар (n=4), Охрид (n=3), Крива Паланка (n=3), Кавадарци (n=2), Струмица (n=2) и Крушево (n=2) (Картограм 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 84,8, додека инциденца над 30 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Штип, Прилеп и Струга.

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

06.04

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 276 машки и 294 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 26,6/100.000, додека кај женските 28,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 44,9 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 124 (21,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 44,6/100.000 (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=570)

korona grafikon 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=72) е регистриран на 04.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=570)

grafikon 2

Од пријавените случаи, 23,0% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,9%), кашлица (60,4%), слабост (34,3%), треска (19,9%), главоболка (19,7%), болка во грло (17,4%) и отежнато дишење (16,9%), а 173 лица се/биле без симптоми.

Во однос на коморбидитети, кај 154 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 108 лица имаат кардиоваскуларна болест, 33 со дијабет, 31 лице е со хронична белодробна болест, 10 со хронична бубрежна болест и 21 со други хронични болести.

Регистрирани се 63 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 520 лица се активни случаи, 29 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистриран е 21 смртен случај (Лт = 3,7%).

Од вкупниот број на случаи, 73 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 347 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).

Од 15.02.2020 до 05.04.2020 тестирани се вкупно 5.493 материјали (570 позитивни) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Графикон 3).

Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 заклучно со 05.04.2020 во Р.С. Македонија (n=5.493)

korona 6.4 graf 3333

Од позитивните случаи, регистрирани се 1.133 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, во викедни од 16:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз. Дополнително на 34-тата седница Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (на 03.04.2020 година) до 05:00 часот во понеделник (06.04.2020 година). Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 05.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 1.133.758 (82.061 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 62.784 (5.798 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 210

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 621.407 (38.266 нови)
    • Смртни случаи – 46.416 (4.082 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 111.396 (034 нови)
    • Смртни случаи – 3.838 (29 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 7.816 (1.288 нови)
    • Смртни случаи – 302 (35 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 70.293 (4.328 нови)
    • Смртни случаи – 3.794 (201 нов)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 315.714 (36.171 нов)
    • Смртни случаи – 8.187 (1.385 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 6.420 (974 нови)
    • Смртни случаи – 236 (66 нови)

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 06.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје