СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 06.04.2020

Пријавени се вкупно 29 нови случаи на COVID-19 од 5 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Скопје (Табела 1).

Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по град и општина, РС Македонија, 2020

Град Број на заболени Починати
Скопје 15 1
Куманово 7 2
Кочани 3 0
Струга 3 1
Прилеп 1 0
Тетово 0 1
Штип 0 1

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 40-49 години (n=9), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 18 женски и 11 машки лица.

Хоспитализирани се 3 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема нови испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.

Кај 12 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 18 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а едно лице има историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 386 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 29 или 7,5% од тестираните.

Регистрирани се 6 смртни случаи од COVID-19 во текот на изминатите 24 часа. Се работи за пациенти од 5 градови (Табела 1). Најголем дел се лица над 60 години (n=3), по 3 машки и женски лица. Кај сите починати лица се присутни симптоми на заболувањето, а од нив 4 биле хоспитализирани на КИБФС. Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети. Во однос на начин на стекнување на болеста, 2 од починатите имале контакт со потврден случај, додека еден има историја на неодамнешно патување.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 06.04.2020, пријавени се вкупно 599 случаи на COVID-19 (I=28,9/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 18 градови: Скопје (n=254), Куманово (n=128), Дебар (n=49), Прилеп (n=34), Тетово (n=29), Струга (n=28), Штип (n=20), Кочани (n=17), Велес (n=10), Битола (n=6), Радовиш (n=4), Гевгелија (n=4), Гостивар (n=4), Охрид (n=3), Крива Паланка (n=3), Кавадарци (n=2), Струмица (n=2) и Крушево (n=2) (Картограм 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 89,7, додека инциденца над 30 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Кочани, Штип, Прилеп и Струга.

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

06.04 (1)

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 287 машки и 312 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 27,7/100.000, додека кај женските 30,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 129 (21,5%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 46,4/100.000 (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=599)

korona 7.4 graf 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=72) е регистриран на 04.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=599)

korona 7.4 graf 2

Од пријавените случаи, 23,0% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,0%), кашлица (60,9%), слабост (34,3%), треска (19,7%), главоболка (17,5%), болка во грло (17,3%) и отежнато дишење (16,5%), а 181 лице е/било без симптоми.

Во однос на коморбидитети, кај 167 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 115 лица имаат кардиоваскуларна болест, 33 со дијабет, 33 лица се со хронична белодробна болест, 10 со хронична бубрежна болест и 23 со други хронични болести.

Регистрирани се 69 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 543 лица се активни случаи, 29 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистриран е 27 смртен случај (Лт = 4,5%).

Од вкупниот број на случаи, 74 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 365 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).

Од 15.02.2020 до 06.04.2020 тестирани се вкупно 5.879 материјали (599 позитивни) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Графикон 3).

Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 заклучно со 06.04.2020 во Р.С. Македонија (n=5.879)

korona 7.4 graf 3

Од позитивните случаи, регистрирани се 1.143 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 16:00 – 05:00, во викедни целосно, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 10:00-12:00 часот, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-15:00 часот.

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 06.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 1.210.956 (77.200 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 67.594 (4.810 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 211

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 655.339 (33.932 нови)
    • Смртни случаи – 49.479 (3.063 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 112.522 (126 нови)
    • Смртни случаи – 3.861 (23 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 8.828 (1.012 нови)
    • Смртни случаи – 344 (42 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 74.347 (4.054 нови)
    • Смртни случаи – 3.946 (182 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 352.592 (36.878 нови)
    • Смртни случаи – 9.680 (1.493 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 6.616 (198 нови)
    • Смртни случаи – 243 (7 нови)

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 07.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје