СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 08.04.2020

Пријавени се вкупно 46 нови случаи на COVID-19 од 8 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово и Скопје, а прв случај е регистриран во Пробиштип (Табела 1).

Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 2020

Град Број на заболени Починати
Куманово 13 1
Скопје 12 0
Прилеп 8 0
Велес 8 0
Струга 2 0
Пробиштип 1 0
Кочани 1 0
Тетово 1 0

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 50-59 и над 60 години (n=10), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 24 женски и 22 машки лица.

Хоспитализирани се 5 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.

Кај 10 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 25 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирани се 6 лица кои имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 341 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 46 или 13,5% од тестираните.

Регистриран е еден смртен случај од COVID-19 во текот на изминатите 24 часа. Се работи за заболено лице од Куманово (Табела 1). Се работи за женско лице на возраст од 27 години. Кај починатото лице биле присутни симптоми на заболувањето кои се влошиле по породувањето по што била хоспитализирана на КИБФС. Не се присутни коморбидитети.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 08.04.2020, пријавени се вкупно 663 случаи на COVID-19 (I=32,0/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 19 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје  и Куманово, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга и Тетово  (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по градови Вкупно Инциденца/ 100.000 Умрени (вкупно) Леталитет
Скопје 273 44.2 4 1.5%
Куманово 143 100.2 9 6.3%
Дебар 49 176.5 4 8.2%
Штип 20 38.0 1 5.0%
Прилеп 46 48.3 0 0.0%
Тетово 30 15.0 4 13.3%
Струга 30 44.2 5 16.7%
Велес 18 27.2 1 5.6%
Битола 8 7.8 0 0.0%
Охрид 3 5.3 0 0.0%
Кавадарци 3 7.0 1* 33.3%
Гостивар 4 3.3 0 0.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0%
Струмица 2 2.1 0 0.0%
Крива Паланка 3 12.5 0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0%
Крушево 3 31.5 0 0.0%
Кочани 19 39.6 1 5.3%
Пробиштип 1 6.5 0 0.0%
ВКУПНО 663 32.0 30 4.5%

*странски државјанин

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 100,2, додека инциденца над 30 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Кочани, Штип, Прилеп, Крушево и Струга (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

08.04

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 319 машки и 344 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 30,8/100.000, додека кај женските 33,3/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 141 (21,3%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 50,7/100.000 (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=663)

korona8.4 graf 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=72) е регистриран на 04.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=663)

korona 8.4 graf 2

Од пријавените случаи, 23,5% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,1%), кашлица (60,2%), слабост (34,4%), треска (20,1%), болка во грло (16,6%), отежнато дишење (16,2%) и главоболка (16,0%), а 206 лица се/биле без симптоми.

Во однос на коморбидитети, кај 181 лице се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 126 лица имаат кардиоваскуларна болест, 36 лица се со хронична белодробна болест, 35 со дијабет, 11 со хронична бубрежна болест и 23 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 80 се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 82 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 596 лица се активни случаи, 37 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 30 смртни случаи (Лт = 4,5%).

Од вкупниот број на случаи, 80 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 402 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).

Од 15.02.2020 до 08.04.2020 тестирани се вкупно 6.571 материјали (детектирани 663 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3).

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=6.571)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни
ВКУПНО 6571 663
ИЈЗ - Вирусологија 4256 549
Ветеринарен Факултет (скрининг) 152 10
Авицена (скрининг) 139 5
Биотек (приватни) 282 18
Жан Митрев Клиника (приватни) 1643 81

 

Од позитивните случаи, регистрирани се 1.356 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 16:00 – 05:00, во викедни целосно, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 10:00-12:00 часот, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-15:00 часот.

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 08.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 1.353.361 (73.639 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво79.235 (6.695 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 213

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 219 (33.881 нови)
    • Смртни случаи – 639 (4.904 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 416 (33.174 нови)
    • Смртни случаи – 597 (1.500 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 114.667 (026 нови)
    • Смртни случаи – 3.922 (30 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 993 (3.428 нови)
    • Смртни случаи – 4.314 (165 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 707 (1.575 нови)
    • Смртни случаи – 426 (64 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 7.647 (555 нови)
    • Смртни случаи – 326 (32 нови)

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

Скопје, 09.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје