СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 09.04.2020

Пријавени се вкупно 48 нови случаи на COVID-19 од 8 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово (Табела 1).

Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 2020

Град Број на заболени Починати
Куманово 25 0
Скопје 11 1
Прилеп 4 0
Струга 3 1
Гостивар 2 0
Штип 1 0
Охрид 1 0
Тетово 1 0

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст над 60 години (n=15), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 26 женски и 22 машки лица.

Хоспитализирани се 10 лица, а останатите се на домашно лекување. Испишани се 4 оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.

Кај 15 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 29 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирано е едно лице кое имало историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 496 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 48 или 9,7% од тестираните.

Регистрирани се два смртни случаи од COVID-19. Се работи за заболени лица од Куманово и Скопје (затвореник со место на живеење во Ресен) (Табела 1). Се работи за машки лица на возраст од 47 и 64 години. Кај починатите лица биле присутни симптоми на заболувањето и коморбидитети. Немаат историја на патување, а едно лице имало контакт со веќе потврден случај во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 09.04.2020, пријавени се вкупно 711 случаи на COVID-19 (I=34,4/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 19 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје  и Куманово, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга и Тетово  (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по градови Вкупно Инциденца/ 100.000 Умрени (вкупно) Леталитет
Скопје 284 46.0 5** 1.8%
Куманово 168 117.7 9 5.4%
Дебар 49 176.5 4 8.2%
Штип 21 39.9 1 4.8%
Прилеп 50 52.5 0 0.0%
Тетово 31 15.5 4 12.9%
Струга 33 48.6 6 18.2%
Велес 18 27.2 1 5.6%
Битола 8 7.8 0 0.0%
Охрид 4 7.1 0 0.0%
Кавадарци 3 7.0 1* 33.3%
Гостивар 6 5.0 0 0.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0%
Струмица 2 2.1 0 0.0%
Крива Паланка 3 12.5 0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0%
Крушево 3 31.5 0 0.0%
Кочани 19 39.6 1 5.3%
Пробиштип 1 6.5 0 0.0%
ВКУПНО 711 34.4 32 4.5%

*странски државјанин  ** затвореник со место на живеење во Ресен

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 117,7, додека инциденца над 40 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Прилеп и Струга (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

info 09.04

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 341 машки и 370 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 32,9/100.000, додека кај женските 35,8/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 141 (21,3%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 50,7/100.000 (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=663)

korona 9.4..1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=72) е регистриран на 04.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=663)

korona 9.4.2

Од пријавените случаи, 23,3% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,3%), кашлица (59,0%), слабост (33,5%), треска (20,0%), отежнато дишење (16,3%), болка во грло (15,7%) и главоболка (14,9%), а 220 лица се/биле без симптоми.

Во однос на коморбидитети, кај 196 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 137 лица имаат кардиоваскуларна болест, 40 лица се со хронична белодробна болест, 40 со дијабет, 11 со хронична бубрежна болест и 26 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 86 се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 95 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 638 лица се активни случаи, 41 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 32 смртни случаи (Лт = 4,5%).

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=20) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 5,2/100.000 жители. Од починатите, кај 25 се регистрирани коморбидитети, а 18 лица имаат контакт со веќе потврден случај на COVID-19.

Од вкупниот број на случаи, 81 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 432 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).

Од 15.02.2020 до 09.04.2020 тестирани се вкупно 7.067 материјали (детектирани 711 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3).

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=7.067)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни
ВКУПНО 7067 711
ИЈЗ - Вирусологија 4609 594
Ветеринарен Факултет (скрининг) 161 10
Авицена (скрининг) 153 7
Биотек (приватни) 306 18
Жан Митрев Клиника (приватни) 1739 82

 

Од позитивните случаи, регистрирани се 1.559 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 16:00 – 05:00, во викедни целосно, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 10:00-12:00 часот, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-15:00 часот.

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 09.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 1.436.198 (82.837 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво85.522 (6.287 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 213

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 661 (39.422 нови)
    • Смртни случаи – 516 (3.877 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 710 (37.294 нови)
    • Смртни случаи – 775 (2.178 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 852 (1.185 нови)
    • Смртни случаи – 3.944 (22 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 350 (3.357 нови)
    • Смртни случаи – 4.459 (145 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 11.576 (869 нови)
    • Смртни случаи – 468 (42 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 8.337 (690 нови)
    • Смртни случаи – 349 (23 нови)

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

  

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

Скопје, 10.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје