СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 16.05.2020

Тестирани се вкупно 426 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 112 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките од Скопје, Битола и Велес без регистриран позитивен случај.

Регистрирани се 30 нови позитивни лица. Потврдените случаи се од 8 градови (Табела 1).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 16.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 11 0
Тетово 6 2
Велес 5 1
Прилеп 3 0
Куманово 2 0
Штип 1 0
Битола 1 0
Охрид 1 0
Вкупно 30 3

 

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 15 лица од женски и  машки пол.

Регистрирани се четири хоспитализирани лица. Кај пет лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 18 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 26 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се три смртни случаи со место на живеење од Тетово и Велес. Случаите се на возраст од 57-78 години, со присутни симптоми и хоспитализирани на КИБФС. Два од случаите имале пропратни коморбидитети. Сите починати се без историја на патување и контакт со потврден случај во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 16.05.2020, пријавени се вкупно 1.792 случаи на COVID-19 (I=86,6/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Куманово, Прилеп и Велес. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга и Гостивар (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет Леталитет
Вкупно 1.792 86.6 101 4.9 5.6%
Скопје 612 99,1 20 3,2 3,3%
Куманово 416 291,5 20 14,0 4,8%
Прилеп 200 209,8 12 12,6 6,0%
Тетово 143 71,6 12 6,0 8,4%
Велес 119 179,6 8 12,1 6,7%
Струга 69 101,7 14 20,6 20,3%
Дебар 51 183,8 4 14,4 7,8%
Штип 36 68,3 2 3,8 5,6%
Кочани 31 64,6 2 4,2 6,5%
Битола 27 26,5 2 2,0 7,4%
Охрид 19 33,9 0 0,0 0,0%
Гостивар 19 15,9 2 1,7 10,5%
Неготино* 9 38,3 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 6 25,1 0 0,0 0,0%
Кавадарци 5 11,6 1 2,3 20,0%
Гевгелија 4 11,6 0 0,0 0,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Струмица 2 2,1 0 0,0 0,0%
Пробиштип 2 13,1 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 2 17,9 0 0,0 0,0%
Виница 2 10,3 0 0,0 0,0%
Кратово 2 20,9 0 0,0 0,0%
Кичево 2 3,5 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%
Берово 1 7,7 0 0,0 0,0%
Валандово 1 8,4 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 291,5 заболени на 100.000 жители, Прилеп (209,8/100.000), Дебар (183,8/100.000), Велес (179,6/100.000) и Струга (101,7/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Тетово, Штип, Кочани, и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

KARTOGRAM 17.5

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 856 машки и 936 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 82,6/100.000, додека кај женските 90,6/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 389 (21,7%) со инциденца од 101,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 134,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (374 заболени). Најниска инциденца од 27,5 и 31, на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 63 и 78 случаи соодветно (Графикон 1).

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.792)

GRAF 1 17.5

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.792)

GRAF 2 17.5

Од пријавените случаи, 25,2% (n=452) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,6%), кашлица (54,0%), малаксаност (37,5%), треска (19,9%), главоболка (15,0%), болка во грло (14,5%) и отежнато дишење (14,3%).

Кај 578 или 32,3% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 426 или 73,7% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 547 (30,5%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 377 лица имаат кардиоваскуларна болест, 119 дијабет, 95 се со хронична белодробна болест, 23 со хронична бубрежна болест и 78 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 237 (52,4%) се присутни коморбидитети.

Регистриран е 251 (14,0%) случај на заболување меѓу здравствени работници.

Регистриран е 101 смртен случај (Лт = 5,6%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=66) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 17,2/100.000 жители. Регистрирани се 68 смртни случаи кај лица од машки и 33 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 75 (74,3%) се регистрирани коморбидитети. Тринаесет (12,9%) од пријавените случаи починале во домашни услови, а останатите 88 (87,1%) починале за време на хоспитализација.

Од вкупниот број на случаи, 96 (5,4%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 22.04.2020 (Графикон 2). Вкупно 1.070 лица (59,7%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 16.05.2020 тестирани се вкупно 21.436 материјали (детектирани 1.792 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 10.360 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=21.436)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 21.436 1.792 581 1 20.855 1.791
ИЈЗ – Вирусологија 14.184 1.442 328 1 13.856 1.441
Ветеринарен Факултет 577 45 0 0 577 45
Авицена 515 33 0 0 515 33
Биотек 1.232 48 0 0 1.232 48
Жан Митрев Клиника 3.779 165 0 0 3.779 165
Систина 601 25 0 0 601 25
МАНУ 548 34 253 0 295 34

Според исходот од заболувањето, 398 лица (22,2%) се активни случаи, 1.293 случаи (72,2%) се водат како оздравени (226 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 240 (18,6%) биле хоспитализирани додека останатите 1.053 (81,4%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.792)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 144 448 20 612
Куманово 32 364 20 416
Прилеп 64 124 12 200
Тетово 75 56 12 143
Велес 48 63 8 119
Струга 4 51 14 69
Дебар 47 4 51
Штип 2 32 2 36
Кочани 4 25 2 31
Битола 8 17 2 27
Гостивар 2 15 2 19
Охрид 4 15 19
Демир Капија 5 2 7
Крива Паланка 2 4 6
Кавадарци 4 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Крушево 2 1 3
Пехчево 1 2 3
Кичево 2 2
Кратово 1 1 2
Пробиштип 2 2
Виница 2 2
Македонски Брод 2 2
Струмица 2 2
Неготино 2 2
Берово 1 1
Валандово 1 1
Демир Хисар 1 1
Делчево 1 1
ВКУПНО 398 1.293 101 1.792

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.792)

GRAF 3 17.5

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

На 12.05.2020 Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази (https://vlada.mk/node/21367).

На 53-тата седница на владата одржана на 15.05.2020 е донесено дополнување на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 16.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво4.425.485 (86.827 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво302.059 (4.940 нови)

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.848.445 (22.150 нови)
    • Смртни случаи – 164.723 (1.446 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 1.909.483 (45.015 нови)
    • Смртни случаи – 115.057 (3.123 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 668 (10.479 нови)
    • Смртни случаи – 701 (143 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 166.721 (1.171 нов)
    • Смртни случаи – 6.697 (33 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 127.995 (5.741 нов)
    • Смртни случаи – 4.201 (151 нов)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 54.461 (2.271 нов)
    • Смртни случаи – 667 (44 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 17.05.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје