СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 09.06.2020

Тестирани се вкупно 1.019 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 124 нови позитивни случаи од 11 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (71,8%), а регистриран е прв позитивен случај во Ресен.

Од вкупниот број на тестирани, 19 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките во Скопје без регистрирани позитивни случаи.

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 09.06.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 89* 3
Тетово 11 1
Охрид 8* 0
Куманово 4 0
Струга 3 2
Штип 2 1
Прилеп 2 0
Струмица 2 0
Велес 1 0
Гостивар 1 0
Ресен 1 0
Вкупно 124 7

 

*9 лица од Скопје и едно лице од Охрид сѐ уште се истражуваат

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група над 60 години со 30 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 57 лица од женски и 67 од машки пол.

Од епидемиолошки обработените случаи (n=114), регистрирани се 14 хоспитализирани, а кај 25 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од обработените нови случаи, 44 (37,1%) имаат контакт со потврден случај, а регистриран е еден импортиран случај.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 6 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Регистрирани се седум смртни случаи, од Скопје, Струга, Тетово о Штип. Случаите биле на возраст од 46-87 години. Имале симптоми и биле хоспитализирани. Кај еден од случаите не се регистрирани пропратни коморбидитети, а два од починатите имале контакт со потврден случај во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 09.06.2020, пријавени се вкупно 3.363 случаи на COVID-19 (I=161,9/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 32 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Прилеп, Велес и Струга, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп, Велес, Дебар и Тетово. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 3.363 161,9 164 7,9 4,9%
Скопје 1461 236.5 43 7.0 2.9%
Куманово 573 401.6 27 18.9 4.7%
Тетово 312 156.2 26 13.0 8.3%
Штип 225 427.2 3 5.7 1.3%
Прилеп 220 230.8 17 17.8 7.7%
Велес 145 218.8 10 15.1 6.9%
Струга 109 160.6 23 33.9 21.1%
Дебар 53 191.0 4 14.4 7.5%
Кочани 53 110.5 2 4.2 3.8%
Гостивар 52 43.4 3 2.5 5.8%
Охрид 45 80.2 0 0.0 0.0%
Битола 30 29.4 2 2.0 6.7%
Неготино* 16 68.2 0 0.0 0.0%
Пробиштип 11 71.9 0 0.0 0.0%
Струмица 7 7.4 1 1.1 14.3%
Крива Паланка 7 29.3 0 0.0 0.0%
Кавадарци 6 13.9 1 2.3 16.7%
Гевгелија 6 17.4 0 0.0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0 0.0%
Крушево 3 31.5 1 10.5 33.3%
Пехчево 3 60.1 0 0.0 0.0%
Валандово 3 25.3 0 0.0 0.0%
Виница 3 15.4 0 0.0 0.0%
Кратово 3 31.4 0 0.0 0.0%
Свети Николе 3 14.6 0 0.0 0.0%
Кичево 3 5.2 0 0.0 0.0%
Македонски Брод 2 17.9 0 0.0 0.0%
Берово 2 15.4 0 0.0 0.0%
Делчево 1 4.2 1 4.2 100.0%
Демир Хисар 1 11.9 0 0.0 0.0%
Ресен 1 6.1 0 0.0 0.0%

*девет лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 427,2 заболени на 100.000 жители, Куманово (401,6/100.000), Скопје (236,5/100.000), Прилеп (230,8/100.000) и Велес (218,8/100.000), додека инциденца со над 100 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Дебар, Струга, Тетово и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.641 машки и 1.722 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 158,3/100.000, додека кај женските 166,8/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 685 (20,4%) со инциденца од 178,7/100.000, а највисока специфична инциденца од 230,9/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (642 заболени). Најниска инциденца од 76,5 и 72,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 175 односно 182 случаи (Графикон 1).

 

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=3.363)

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=180) е регистриран на 04.06.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=3.363)

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на случаи се регистрирани во тек на 23-тата недела (n=837) (Графикон 3).

 

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 23/2020 година (n=3.152)

 

Регистрирани се 164 смртни случаи (Лт = 4,9%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=108) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 28,2/100.000 жители. Регистрирани се 109 смртни случаи кај лица од машки и 55 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 126 (76,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=90), дијабет (n=36) и белодробна болест (n=32). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (5,5%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 94,5% починале за време на хоспитализација.

 

 

 

 

 

 

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=164)

Од епидемиолошки обработените случаи (n=3.353), 104 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 09.06.2020. Вкупно 1.942 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 09.06.2020 тестирани се вкупно 39.033 материјали (детектирани 3.363 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 18.864 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=39.033)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 39.033 3.363 4.655 20 34.378 3.343
ИЈЗ – Вирусологија 22.908 2.374 2.899 18 20.009 2.356
ЦЈЗ Скопје 411 99 0 0 411 99
Авицена 1.544 136 0 0 1.544 136
Биотек 2.906 91 0 0 2.906 91
Жан Митрев Клиника 5.442 291 0 0 5.442 291
Систина 2.189 88 0 0 2.189 88
МАНУ 2.878 203 1.756 2 1.122 201
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81

 

Според исходот од заболувањето, 1.535 лица (45,6%) се активни случаи, 1.664 случаи (49,5%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 3, Графикон 5).

Регистрирани се вкупно 338 заболени здравствени работници во текот на епидемијата, од кои 249 се оздравени.

Табела 3. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=3.363)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 844 574 43 1461
Куманово 155 391 27 573
Тетово 145 141 26 312
Штип 186 36 3 225
Прилеп 26 177 17 220
Велес 27 108 10 145
Струга 34 52 23 109
Дебар 2 47 4 53
Кочани 22 29 2 53
Гостивар 30 19 3 52
Охрид 28 17 45
Битола 3 25 2 30
Пробиштип 9 2 11
Демир Капија 2 7 9
Струмица 4 2 1 7
Крива Паланка 1 6 7
Неготино 5 2 7
Гевгелија 2 4 6
Кавадарци 1 4 1 6
Радовиш 4 4
Свети Николе 2 1 3
Кратово 1 2 3
Виница 1 2 3
Валандово 2 1 3
Пехчево 3 3
Крушево 2 1 3
Кичево 1 2 3
Македонски Брод 2 2
Берово 1 1 2
Делчево 1 1
Ресен 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 1.535 1.664 164 3.362

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=3.363)

 

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата, согласно епидемиолошки обработените податоци.

 

 

 

 

 

 

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=989)

Град/ општина Активни случаи
Скопје 844
Чаир 214
Гази Баба 79
Аеродром 78
Бутел 76
Центар 75
Карпош 71
Сарај 65
Кисела Вода 43
Ѓорче Петров 35
Шуто Оризари 26
Студеничани 24
Арачиново 24
Илинден 19
Петровец 6
Чучер Сандево 4
Сопиште 3
странец 2
Тетово 145
Тетово 94
Теарце 22
Боговиње 12
Јегуновце 7
Брвеница 5
Желино 5

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во странство или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 10.06.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје