Состојба со COVID-19 во Северна Македонија и светот

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 17-23.08.2020

Тестирани се вкупно 11.129 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата (Табела 1), намалување од 7,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=281; 33,5%).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 17-23.08.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 281 7
Куманово 89 3
Гостивар 80 3
Штип 60 3
Тетово 48 1
Прилеп 34  
Струга 25 2
Берово 24  
Кичево 23  
Делчево 22  
Велес 16  
Охрид 16  
Дебар 15  
Кавадарци 14  
Свети Николе 14  
Битола 13  
Виница 12  
Гевгелија 9  
Пробиштип 7  
Крива Паланка 7  
Кочани 6  
Струмица 6  
Неготино 4  
Македонски Брод 4  
Македонска Каменица 3  
Богданци 2  
Вкупно 839 19

 

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 205 (24,4%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=151; 18,0%), 40-49 (n=142; 16,9%) и 20-29 (n=140; 16,7%) . Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=20; 2,4%) и 10-19 години (n=49; 5,8%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 404 (48,2%) лица од женски и 435 (51,8%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=807; 96,2%), регистрирани се 119 (14,7%) хоспитализирани, а кај 239 (29,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 307 (38,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 554 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 19 смртни случаи од 6 градови, сите на возраст над 60 години (Табела 1), зголемување од 11,8% во однос на минатата недела. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а 3 случаи починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 23.08.2020, пријавени се вкупно 13.672 случаи на COVID-19 (I=660,7/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Штип, Тетово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 13.672 660,7 568 27,5 4,2%
Скопје 5696 922,2 234 37,9 4.1%
Куманово 1378 965,7 60 42,0 4.4%
Тетово 1188 594,7 76 38,0 6.4%
Штип 1108 2103,5 21 39,9 1.9%
Гостивар 740 617,9 32 26,7 4.3%
Струга 545 803,2 48 70,7 8.8%
Прилеп 399 418,6 24 25,2 6.0%
Охрид 325 579,2 10 17,8 3.1%
Свети Николе 275 1340,7 1 4,9 0.4%
Кичево 263 460,2 10 17,5 3.8%
Велес 259 390,9 14 21,1 5.4%
Дебар 241 868,3 8 28,8 3.3%
Битола 196 192,3 6 5,9 3.1%
Кавадарци 170 395,0 2 4,6 1.2%
Ресен 146 892,9 4 24,5 2.7%
Кочани 134 279,3 4 8,3 3.0%
Пробиштип 76 496,7 0 0,0 0.0%
Македонски Брод 69 616,2 3 26,8 4.3%
Виница 63 324,3 0 0,0 0.0%
Демир Хисар 60 716,2 1 11,9 1.7%
Струмица 57 60,2 3 3,2 5.3%
Неготино* 42 179,0 1 4,3 2.4%
Гевгелија** 42 122,1 0 0,0 0.0%
Радовиш 40 122,7 1 3,1 2.5%
Берово 39 299,9 2 15,4 5.1%
Крива Паланка 37 154,7 0 0,0 0.0%
Делчево*** 35 145,6 1 4,2 2.9%
Крушево 16 167,9 2 21,0 12.5%
Кратово 16 167,2 0 0,0 0.0%
Пехчево 10 200,3 0 0,0 0.0%
Валандово 7 59,1 0 0,0 0.0%

*10 лица се од Демир Капија  **7 лица се од Дојран, 9 од Богданци ***7 случаи се од Македонска Каменица

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (2.103,5/100.000), Свети Николе со 1.340,7 на 100.000 жители, Куманово (965,7/100.000), Скопје (922,2/100.000), Ресен (892,9/100.000), Дебар (868,3/100.000), Струга (803,2/100.000), Демир Хисар (716,2/100.000), Гостивар (617,9/100.000), Македонски Брод (616,2/100.000), Тетово (594,7/100.000) и Охрид (579,2/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Пробиштип, Кичево, Прилеп, Кавадарци, Велес, Виница, Берово и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 6.869 машки и 6.803 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 662,7/100.000, додека кај женските 658,8/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 3.079 (22,4%) со инциденца од 803,3/100.000, а највисока специфична инциденца од 929,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (2.583 заболени). Најниска инциденца од 210,6 и 245,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 482 и 615 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=13.672)

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=13.672)

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-мата недела (n=1.074) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=13.672)

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=13.621; 99,6%), 19,7% (n=2.683) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клиничка болница Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Струмица, Велес), моментално се хоспитализирани 242 лица, а од нив 83 се на кислородна поддршка и 9 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,6%), малаксаност (41,2%), кашлица (38,6%), болка во грло (15,0%), главоболка (14,7%), треска (11,9%), ослабен осет за мирис и/или вкус (10,8%) и отежнато дишење (10,7%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=13.621; 99,6%), кај 3.615 или 26,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=13.621; 99,6%), пријавени се 122 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 30 биле хоспитализирани во текот на болеста. Педесет и четири од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=13.621; 99,6%), кај 4.101 (30,1%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 2.833 лица имаат кардиоваскуларна болест, 1.147 дијабет, 570 се со хронична белодробна болест и 767 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.573 (58,6%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=13.621; 99,6%), регистрирани се 814 (6,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 568 смртни случаи (Лт = 4,2%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=418) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 103,6/100.000 жители. Регистрирани се 360 смртни случаи кај лица од машки и 208 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 455 (80,1%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=348), дијабет (n=162) и белодробна болест (n=83). Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и пет смртни случаи кај здравствени работници. Триесет и шест (6,3%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 532 (93,7%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=568)

 

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=13.621; 99,6%), 298 (2,2%) се импортирани, од нив 8 лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 23.08.2020. Вкупно 5.934 лица (43,6%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 23.08.2020 тестирани се вкупно 138.325 материјали (детектирани 13.672 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 66.850 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=138.325)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 138.325 13.672 4.982 24 133.343 13.648
ИЈЗ – Вирусологија 65.050 7.715 3.226 22 6.1824 7.693
ЦЈЗ Скопје 1.790 197 0 0 1.790 197
Авицена 10.683 999 0 0 10.683 999
Биотек 12.706 651 0 0 12.706 651
Жан Митрев Клиника 18.516 1.254 0 0 18.516 1.254
Систина 13.358 679 0 0 13.358 679
Лаор 256 33 0 0 256 33
МАНУ 10.581 1.566 1.756 2 8.825 1.564
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 422 7 0 0 422 7
ЦЈЗ Битола 2.956 385 0 0 2.956 385
КИБФС 701 81 0 0 701 81
ГАК 544 17 0 0 544 17

*7 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 2.954 лица (21,6%) се активни случаи, 10.150 случаи (74,2%) се водат како оздравени (693 од нив се здравствени работници и 95 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 1.743 (17,2%) биле хоспитализирани додека останатите 8.407 (82,8%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=13.672)

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=13.672)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 875 4587 234 5696
Куманово 338 980 60 1378
Тетово 172 940 76 1188
Штип 258 829 21 1108
Гостивар 312 396 32 740
Струга 140 357 48 545
Прилеп 63 312 24 399
Охрид 59 256 10 325
Свети Николе 65 209 1 275
Кичево 100 153 10 263
Велес 33 212 14 259
Дебар 77 156 8 241
Битола 55 135 6 196
Кавадарци 101 67 2 170
Ресен 1 141 4 146
Кочани 30 100 4 134
Пробиштип 21 55 76
Македонски Брод 36 30 3 69
Виница 41 22 63
Демир Хисар 27 32 1 60
Струмица 23 31 3 57
Радовиш 11 28 1 40
Берово 30 7 2 39
Крива Паланка 12 25 37
Неготино 14 17 1 32
Делчево 27 1 28
Гевгелија 16 10 26
Крушево 14 2 16
Кратово 2 14 16
Пехчево 4 6 10
Демир Капија 10 10
Богданци 7 2 9
Валандово 7 7
Македонска Каменица 3 4 7
Дојран 1 6 7
ВКУПНО 2.954 10.150 568 13.672

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје, Гостивар и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово, Штип, Берово и Делчево се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Куманово, Гостивар и Штип (n=1.525)

Град/ општина Активни случаи Град/ општина Активни случаи
Скопје 875 Куманово 338
Чаир 114 Куманово 321
Гази Баба 108 Липково 13
Аеродром 106 Старо Нагоричане 4
Кисела Вода 94 Гостивар 312
Карпош 93 Гостивар 284
Центар 85 Врапчиште 26
Бутел 68 Маврово – Ростуше 2
Ѓорче Петров 67
Шуто Оризари 39
Сарај 21
Арачиново 18
Студеничани 18
Илинден 13
Петровец 8
Сопиште 8
Чучер Сандево 7
странец 4
Зелениково 4

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 23.08.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво23.057.288

Број на смртни случаи на глобално ниво800.906

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 12.283.953
    • Смртни случаи – 438.576
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 3.970.890
    • Смртни случаи – 216.478
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 3.533.807
    • Смртни случаи – 67.455
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.816.207
    • Смртни случаи – 48.193
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 000.379
    • Смртни случаи –20.321
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 451.311
    • Смртни случаи – 9.870

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 24.08.2020

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје