
Од 28-ми до 30-ти октомври 2015 година на Малта се одржаа консултациите на Европскиот регион на СЗО во врска со извештајот на Комисијата за справување со дебелината кај децата. Комисијата е формирана од Генералната директорка на СЗО д-р Маргарет Чан и се состои од 15 еминентни научници и личности со импресивни биографии кои со својата научна и општествена дејност оставиле силен печат во светски рамки. Задачата на Комисијата е да произведе извештај кој ќе ги истражи, сумира и комбинира пристапите и интервенциите кои се најефективни во справувањето со дебелината кај децата и адолесцентите, во различни контексти во светот.
Консултациите со земјите на СЗО Европа беа последни од сите региони на СЗО. Осврт на извештајот, со забелешки и предлози за негово подобрување, во име на Република Македонија, даде д-р Игор Спироски од Институтот за јавно здравје на РМ, во улога на Национален соработник на Министерството за здравство за соработка со СЗО во областите „Исхрана“ и „Незаразни болести“.
Финалниот извештај на Комисијата, после сите консултации, се очекува да биде објавен наскоро.
Повеќе за комисијата и нацрт-финалниот извештај на http://www.who.int/end-childhood-obesity/en/