На 12.10.2016 г. на граничниот премин Табановце, при редовна гранична радијациона контрола на вагони со метални суровини од увоз, Лабораторијата за јонизирачко зрачење при Институтот за јавно здравје на Република Македонија, детектираше присуство на радиоактивен извор, во вагон со старо отпадно железо од Србија.

Вредностите на измерената доза на јонизирачко зрачење на надворешните делови од вагонот иако се два пати повисоки од вредностите на околниот фон на зрачење, не преставуваат ризик по здравјето на вработените и другите службени лица на станицата Трубарево.

Настанот, со препорака забрана за влез во Република Македонија, веднаш е пријавен до МЖ – станица Трубарево,  како и до Дирекцијата за радијациона сигурност, за понатамошни административни постапки за враќање на вагонот во државата на потекло.