Европскиот ден на рационална употреба на антибиотиците е европска здравствена иницијатива која нуди можност секоја година да се придонесе кон подигање на свеста за неопходноста од одговорно користење на антибиотиците и за ризиците поврзани со нивната несоодветна употреба. Годинава активностите се насочени кон ветеринарната професија.

Што може да се направи во ветеринарната пракса за да се намали опасноста од резистентност? Да се престане антибиотиците да се гледат како единствени за решавање на проблемот кај пациентот, туку да се гледат пред се како алатка која ќе помогне кога другите средства за третман нема да успеат. Да се превенира појавата на болести со имплементирање на добро здравје на стадото или јатото и практицирање на биосигурност, добра исхрана, хигиена и услови за животните, наместо превенирање на болести со антибиотици на целото стадо или јато.

Флаер  Европски ден на рационална употреба на антибиотиците (PDF)