
Факти за ХИВ/СИДА во Република Македонија во периодот 1987 – 2014 година (28.11.2014)
Податоците наведени подолу сумарно ја прикажуваат состојбата со ХИВ/СИДА болеста во Р. Македонија.
- Првиот ХИВ позитивен случај во Р. Македонија се регистрира во 1987 година.
- Прво лице заболено од СИДА се регистрира во 1989 година.
- Првиот смртен случај од СИДА во Р. Македонија се регистрира во 1989 година.
Актуелна состојба со ХИВ/СИДА во 2014 година
Во 2014 година во Р.Македонија се регистрирани нови 39 случаи на ХИВ/СИДА.
1. Дистрибуција на лицата со ХИВ/СИДА во 2014 г.
– 16 лица се заболени од СИДА, 23 лица се ХИВ позитивни.
2. Во 2014 година се регистрирани 3 смртни исходи од СИДА.
3. Структура по пол на лицата со ХИВ/СИДА во 2014 г.:
– 37 лица се од машки пол, а 2 лице е од женски пол.
4. Место на живеење на лицата со ХИВ/СИДА во 2014 г. се:
– од Скопје се 20 лица, Свети Николе 2, Куманово 3, Тетово 1, Струмица 1, Штип 3, Кочани 4 лица, Кавадарци 2, Прилеп 2 лице и 1 лице е странец.
5. Возрасни групи на лицата со ХИВ/СИДА во 2014 година се :
– од 10 до 19 години е 2 лица,
– од 20 – 29 години се 16 лица,
– од 30 – 39 години се 14 лица,
– од 40 – 49 години се 3 лица,
– над 60 години 4 лице.
6. Начин на трансмисија на ХИВ, кај лицата со ХИВ/СИДА во 2014 година:
– кај 10 лица е хетеросексуален начин на пренос на ХИВ,
– кај 25 лица е преку сексуален контакт на машко со машко лице (МСМ),
– кај 3 лица е непознат начинот на трансмисија
– кај 1 лице кое инјектира дрога – ЛКИД.
Состојбата со ХИВ/СИДА во Р. Македонија добиени врз база на епидемиолошките податоци за период 1987-2014 г. (28.11.2014)
Во периодот 1987 – 2014 година вкупно се регистрирани 236 лица кои живеат со ХИВ/СИДА.
Дистрибуцијата по возрасни групи на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА покажува дека:
– 0 – 6 години учествува со 5 лица,
– 7 – 14 години учествува со 1 лице,
– 15 – 19 години учествува со 5 лица,
– 20 – 29 години учествува со 70 лица,
– 30 – 39 години учествува со 93 лица,
– 40 – 49 години учествува со 35 лица,
– 50 – 59 години учествува со 20 лица и
– 60+ години учествува со 7 лица.
Според начинот на трансмисија на ХИВ, се констатира дека:
- кај 114 лица е добиен податок за хетеросексуален контакт при трансмисија на ХИВ;
- кај 93 лица бил сексуален контакт на маж со маж (МСМ);
- кај 12 лица било интравенско користење на дрога (лица кои инјектираат дрога – ЛКИД);
- 6 лица биле хемофиличари;
- Кај 6 лица е регистрирано пренесување на ХИВ од мајка на плод;
- За 5 лица не е добиен податок за начин на трансмисија на ХИВ.
Дистрибуцијата по пол на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, покажува дека од вкупно (236 лица), 189 лица се од машки пол, а 47 лица се од женски пол .
- Случаи со ХИВ/СИДА во Р. Македонија, се регистрирани во 25 општини на државата.
- Најголем број од нив се регистрирани во Скопје 108 лица, Тетово 23, Куманово 14, Прилеп 10, Охрид 9 и Кичево 8 лица. Во овие 6 општини се регистрирани вкупно 172 лица кои живеат со ХИВ/СИДА или 75% од сите регистрирани случаи во државата.
- Во вкупниот број на регистрирани случаи 10 лица се од странство.
- Заклучно со 01. Декември 2014 година во Р. Македонија се умрени 75 лица од СИДА.
- Во РМ има вкупно 160 лица кои се болни од СИДА и 76 кои се ХИВ позитивни.
- Во Р.Македонија во 2013 година се изработени 24.562 теста за дијагностика на ХИВ.
Oдделение за тропски, карантински болести, ХИВ/СИДА и СПИ:
Прим. д-р Жарко Караџовски, специјалист епидемиолог
Живадинка Цветановска, спец. мед. лаб. аналитичар