Шестата Глобална недела на Обединетите Нации за безбедноста на сообраќајот на патиштата се одржува од 17 до 23 мај 2021 година, со стотици активности планирани и организирани од владини министерства, агенции на Обединетите Нации, граѓански организации и приватни компании. Активностите во Неделата се со цел да се добијат политички заложби на национално и локално ниво за да се обезбеди ограничување на брзината од 30 км на час во урбаните средини; да се генерира локална поддршка за мерки за мала брзина; во правец на започнување на Глобалниот план за Декадата на акција за безбедност на сообраќајот на патиштата 2021-2030.

 

Кампањата „Улици за живот“ повикува на возење со 30 км на час во урбани улици, за да се обезбедат безбедни, здрави, зелени и градови за живеење.

 

УЛИЦИ ЗА ЖИВОТ-PDF