Почитувани,
Светскиот ден на здравјето – 7 Април е еден од многуте можности за да се комуницира за важноста од еднаквост во здравствените услуги, не само за здравјето на поединците, туку и за здравјето на економиите и општеството во целина. СЗО, на овој Светски ден на здравјето, се фокусира на универзалното здравствено покривање.
Здравјето е човеково право; време е за Здравје за сите.
Ние знаеме дека универзалната здравствена покриеност е можна!
Универзалната здравствена покриеност значи дека сите луѓе имаат пристап до квалитетни здравствени услуги што им се потребни, кога и каде што им се потребни, без финансиски тешкотии.
- Најмалку половина од луѓето во светот не ги добиваат здравствените услуги што им се потребни.
- Околу 100 милиони луѓе секоја година се втурнати во екстремна сиромаштија поради трошењето лично од сопствени средства за здравство. Над 800 милиони луѓе (речиси 12 проценти од светската популација) трошат најмалку 10 проценти од своите буџети за домаќинство за здравствени трошоци.
- Растечката побарувачка за здравствените работници се предвидува да додаде околу 40 милиони работни места во здравството во глобалната економија до 2030 година.
- Во Република Северна Македонија според НВО ЕСЕ, 35% од населението троши средства од сопствен џеб.
Светскиот ден на здравјето 2019 година се паѓа на средина помеѓу Глобалната конференција за примарна здравствена заштита која се одржа во Астана, Казахстан во октомври 2018 година и состанокот на високо ниво за универзална здравствена покриеност кој ќе се одржи на Генералното собрание на Обединетите нации во септември 2019 година.
Примарната здравствена заштита треба да биде прво ниво на контакт со здравствениот систем, каде што поединците, семејствата и заедниците добиваат најголем дел од својата здравствена заштита – од промоција и превенција до третман, рехабилитација и палијативна нега – колку што е можно поблиску до тоа каде живеат и работат .
Примарната здравствена заштита опфаќа поголем дел од вашите здравствени потреби во текот на вашиот живот, вклучувајќи и услуги како скрининг за здравствени проблеми, вакцини, информации за тоа како да се спречи болеста, планирање на семејството, третман за долги и краткорочни услови, координација со други нивоа на грижа и рехабилитација.
СЗО користи 16 основни здравствени услуги поделени во 4 категории како индикатори за нивото и еднаквоста на покриеноста во земјите:
1.Репродуктивно здравје, мајчино здравје, здравје на новороденче и здравје на децата
2.Заразни болести
- Незаразни болести
- Капацитет и пристап до услуги
Во Република Северна Македонија континуирани се напорите за универзална покриеност со здравствени услуги што се согледува преку одделни индикатори. Имено, постои тренд на намалување на доенечката смртност ( во 2017г. – 9,2 починати доенчиња на 1000 живородени деца во споредба со 11,7 умрени доенчиња на 1000 живородени деца во 2009 година), стапката на породени со стручна помош континуирано изнесува околу 99%, стапката на инциденца од туберкулоза е намалена од 20,5 на 100 000 жители во 2010 година, на 10,5 на 100 000 жители во 2018 година, опфатот со вакцини се движи во просек од 85-90% зависно од извршената вакцинација и ревакцинација, скрининг програмите за рана детекција на малигните заболувања се спроведуваат континуирано, како и повеќе други состојби за кои постои сеуште простор за подобрување.
Здравствените работници имаат клучна улога во едукација на пациентите за тоа како да се грижат за своето здравје, координирање на грижата и залагање за потребите на нивните пациенти до менаџерите на здравствените установи и креаторите на политиките.