Неделни податоци

Во текот на 2-рата недела од 2021 година (од 11-17.01.2021), во Република Северна Македонија пријавени се 36 (I=1,7/100.000) случај на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, зголемување во однос на минатата недела кога беа пријавени 18 случаи.

Бројот на регистрирани случаи во 2-ра недела е намален во споредба со минатата сезона (n=583) и со типичната сезонска крива (n=1.134).

Заболените се пријавени од 6 ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 14, во Ресен – 12, во Куманово – 4, во Охрид – 3, во Тетово – 2 и во Кавадарци – 1.

Во однос на возрасната дистрибуција, 23 лица се од возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца (4,3/100.000) се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

Во текот на 2-ра извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнати се два материјали за лабораториско тестирање на грип. Истите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот.

Кумулативни податоци

 

Во сезоната 2020/2021 вкупниот број на заболени изнесува 433 (I=20,9/100.000), 73,2% помалку во споредба со истиот период минатата сезона (n=1.618) и 86,3% помалку во однос на типичната сезонска крива (n=3.170).

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 190 случаи (43,9%), а највисока инциденца (101,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

 

Од почетокот на сезоната 2020/2021, заклучно со 2-ра недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнати се 9 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип. Истите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот.

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО):

  • Постарите лица (над 65 години)
  • Деца на возраст од 6-59 месеци
  • Лица постари од 6 месеци со хронични болести
  • Бремени жени, и
  • Здравствени работници.

Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2020/2021 започна на 10.11.2020 и се спроведува во Здравствените домови и Општите болници со проширена дејност (бесплатна вакцинација) и Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици (комерцијални вакцини). Закажувањето за бесплатните вакцини ќе се одвива кај матичен лекар, преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин. Сите заинтересирани лица да се обратат до најблискиот ЦЈЗ или матичниот лекар за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

За сезоната 2020/2021, Министерството за здравство набави бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 40.000 дози, наменета за приоритетните групи население.

Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 28.724 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини.

Од вкупниот број на набавени вакцини, 5.783 се дадени на здравствените установи и истите се аплицирани на здравствени работници и вработени во здравствените установи. Дополнително се распределени и аплицирани 1.284 дози во дијализните центри, 1.573 дози во домовите за стари лица и 506 дози на останати категории на лица.

Заклучно со 2-ра недела, вакцинирани се вкупно 37.870 лица со бесплатна вакцина.

Дополнителни 14.500 дози вакцина се набавени од страна на Центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи и истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест како комерцијални вакцини.

Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од извештаите на Центрите за јавно здравје, вакцинирани се 10.536 лица, од кои 163 во 2-ра недела.

ЦЈЗ Скопје не обезбеди податок за аплицирани комерцијални вакцини во последната недела.

Заклучно со 2-ра недела, во Р.С. Македонија, вакцинирани се вкупно 48.406 лица.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 1-ва недела од 2021 година, активноста на вирусот на грип е на меѓусезонско ниво низ Европскиот регион. Од рутинскиот и сентинел надзорот, спорадично се детектираат Inluenza A и Inluenza B. Не се регистрирани хоспитализирани случаи со лабораториски потврдена болест.

Според квалитативните индикатори, во однос на интензитетот, 31 земји се на базично ниво, а 5 се со низок интензитет. Според географската раширеност, 32 земји немаат активност, а 5 пријавуваат спорадични случаи.

 

Сезоната на грип во Европскиот регион обично е започната до овој перуиод, но, покрај широко распространетото и редовно тестирање, пријавената активност на грип сè уште останува на многу ниско ниво. Пандемијата (КОВИД-19) има негативно влијание врз здравствениот систем и капацитетите за тестирање на земјите во Европскиот регион, вкучително и Р.С. Македонија (намалено пријавување на епидемиолошки и вирусолошки податоци за грип). Затоа, презентираните податоци мора да се толкуваат со претпазливост.

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје