Со почетокот на 40-тата недела од 2020 година, започнува и следењето на грипот/ заболувањата слични на грип на неделно ниво. Согласно законската регулатива, пријавувањето на грип се врши седмодневно од четириесеттата недела од тековната година до дваесеттата недела следната година, по возрасни групи на Збирна пријава на заболени/ умрени од грип.
Во текот на 40-тата недела од 2020 година (од 28.09.2020 – 04.10.2020), во Република Северна Македонија пријавени се 2 (I=0,1/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната во споредба со минатата сезона и просекот.
Заболените од грип се пријавени од ЦЈЗ Прилеп.
Во однос на возрасната дистрибуција, двете лица се од возрасната група од 15-64 години.
Во текот на 40-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ нема пристигнати материјали за лабораториско тестирање на грип.
Вакцинација против грип
Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје дава препорака за целото население, особено за лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет, да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.
ЕВРОПСКИ РЕГИОН
Првиот извештај за состојбата со грип во Европскиот Регион на почетокот на новата сезона 2020/2021 (40 недела) ќе биде презентиран во наредниот извештај.
Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за периодот од 21-39-та недела 2020 година, активноста на вирусот на грип е на меѓусезонско ниво, карактеристично за овој период од годината. Во овој период, <1% (3 позитивни од 1.523 примероци) од тестираните се позитивни за присуство на инфлуенца вирусот.
Пандемијата (КОВИД-19) има негативно влијание врз здравствениот систем и капацитетите за тестирање на земјите во регионот што (намалено пријавување на епидемиолошки и вирусолошки податоци за грип). Затоа, презентираните податоци мора да се толкуваат со претпазливост.
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје