Во периодот од 14.06 – 21.06.2019, пријавени се вкупно 59 нови случаи на мали сипаници.

Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 27 случаи се од Скопје, а останатите 32 се од 8 други градови во С. Македонија – Куманово (16), Тетово (6), Кичево (4), Охрид (2) и по еден случај од Битола, Гостивар, Кочани и Крива Паланка.

Во тек на оваа недела најголем број на случаи (23) се на возраст над 30 години.

Според вакциналниот статус, 44 односно 77,6% од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Согласно дополнително добиени резултати од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ и направената повторна класификација на пријавените случаи согласно дефиницијата на случај за мали сипаници, вкупниот број на случаи од декември 2018 заклучно со 21.06.2019, во Република Северна Македонија изнесува 1.814 случаи со стапка на заболување од 87,7 на 100.000 жители. Во понатамошниот дел од анализите не се земени во предвид отфрлените случаи и лицата за кои недостасува лабораториска потврда.

Во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, од нив 953 случаи се од Скопје, Куманово – 222, Тетово – 191, Струга – 114, Гостивар – 61, Кичево – 60, Велес – 53, Штип – 39, Охрид – 30, Дебар – 22, Гевгелија – 19,  Прилеп – 11, а во останатите градови се регистрираат по помалку од 10 случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга 168,0/100.000, Скопје 154,3/100.000 и Куманово 155,6/100.000   (Графикон 1).

Графикон 1. Географска дистрибуција на случаи на мали сипаници во Македонија,        декември 2018 – јуни 2019

morbili 1

Најголем број на случаите се од возрасната група над 30 години – 817 (45%), а вкупната стапка на заболување кај оваа возрасна група изнесува 64,2 на 100.000 жители. Највисока стапка од 1.360,5 заболени на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година, каде се пријавени 318 (17,5%) заболени. Кај децата на возраст од 1-4 години се регистрираат 267 случаи (14,7%) со стапка од  287,7 на 100.000 жители (Графикон 2).

 

Графикон 2.Дистрибуција на заболените од мали сипаници во Македонија според возраст, декември 2018-јуни 2019 (n=1.814)

morbili 2

Според вакциналниот статус, 1.457 или 80,3% од заболените лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 318 (21,8%) се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.

Од вкупно 267 заболени деца на возраст од 1-4 години, 86,9% се невакцинирани или со непознат вакцинален статус, а од 817 заболен кај лицата над 30 годишна возраст, 72,5% се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од пријавените случаи, 801 или 44,2% биле хоспитализирани, а кај 276 (15,2%) се регистрирани компликации. Од нив, најголем број компликации биле кај деца од 0-4 години (n=125; 45,3%), и тоа 74 (26,8%) – кај деца до една година и 51 (18,5%) – кај деца на возраст 1-4г, што укажува дека оваа возрасна група е најзасегната и подложна на компликации.

Од почетокот на епидемијата, во Скопје се  вакцинирани 15.491 дете, додека во останатиот дел од државата се вакцинирани  14.990 деца на возраст до 14 години кои подлежат на вакцинација. Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 30.406.

 

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 5.379 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Сектор за контрола и превенција на заразни болести

ИЈЗ Скопје