Оваа година, Светската неделата на свесност поврзана со шеќерот се фокусира на зголемениот внес на шеќери преку засладените безалкохолни пијалаци. Резултатите од истражувањето на Институтот за јавно здравје, во рамки на Иницијативата за следење на дебелината кај децата (https://amj.mk/index.php/amj/article/view/34/12), покажаа дека внесот на засладени безалкохолни пијалаци повеќе од 3 пати неделно е застапен кај 45% од момчињата и кај 37% од девојчињата во Македонија. Внесот на ваквите пијалаци е една од главните движечки сили на зголемување на преваленцата на дебелина кај населението. ИЈЗ се вклучува кон повикот на Светската акција за сол, шеќер и здравје (https://www.worldactiononsalt.com/) и повикува на акции од страна на носителите на одлуки кои ќе придонесат кон намалување на овие тенденции, а со тоа и намалување на здравствените ризици за населението.

 Macedonia IPH