ВОВЕД
Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања (SARS-CoV, MERS-CoV). На 31 декември 2019 година, кинеските здравствени власти го известија СЗО за појава на кластер на случаи со пневмонија од непознат причинител во Вухан, Кина. На 9-ти јануари 2020 година, веќе беше идентификуван нов коронавирус, за кој генетското секвенционирање утврди дека припаѓа на родот бета-корона вируси. Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето и предизвикува заболување наречено COVID-19. Откако голем број на земји во сите региони на СЗО регистрираа случаи, на 11.03.2020 генералниот секретар на СЗО прогласи пандемија на COVID-19.
Вообичаените симптоми и знаци на инфекција вклучуваат температура, треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Кај потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Не постои специфичен третман, слично како за најголем број од вирусите. Сепак, многу од симптомите можат да бидат третирани и затоа третманот треба да е врз основа на клиничката состојба на пациентот.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 18.03.2020, пријавени се вкупно 67 случаи на COVID-19 (I=6,5/100.000).
Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 6 градови, Скопје (n=36), Дебар (n=27), Штип (n=1), Гостивар (n=1), Охрид (n=1) и Кавадарци (n=1).
Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 35 лица од машки пол и 32 лица од женски пол или сооднос машки – женски 1,1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 3,4/100.000 жители, додека кај женските изнесува 3,1/100.000 жители.
Возраста на заболените се движи од 4 до 87 години (медијана – 48,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 18 (26,9%), а највисока специфична инциденца од 4,8/100.000 жители се регистрира кај лицата на возраст од 40-49 години (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=67)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=19) е регистриран на 19.03.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=67)
Од пријавените случаи, 21 или 31,3% биле хоспитализирани, а 46 случаи се во домашна изолација, асимптоматски или со лесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (72,9%), температура (58,3%), слабост (35,4%) и треска (33,3%), а 19 лица се без симптоми. Едно лице од хоспитализираните е поставено на механичка вентилација поради влошување на состојбата.
Во однос на коморбидитети, кај 15 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 10 лица имаат кардиоваскуларна болест, по 3 лица се со дијабет и хронична бубрежна болест и по две со хипотироидизам и хронична белодробна болест.
Регистрирани се 6 случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Според исходот од заболувањето, кај 66 лица се активни случаи, а еден случај е испишан од болница со излечена болест.
Од вкупниот број на случаи, 16 се импортирани, од кои за 3 има податок за контакт со потврден случај на COVID-19 за време на нивниот престој во странство. Само едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје).
Од позитивните случаи, регистрирани се 477 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена. Од регистрираните, 42 случаи со локална трансмисија.
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Скопје е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 19.03.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 209.839 (16.556 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 8.778 (828 нови)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 87.108 (10.221 нови)
- Смртни случаи – 4.084 (591 нов)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 92.333 (488 нови)
- Смртни случаи – 3.377 (20 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 657 (119 нови)
- Смртни случаи – 23 (14 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 19.518 (1.430 нови)
- Смртни случаи – 1.161 (150 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 9.144 (4.166 нови)
- Смртни случаи – 119 (50 нови)
- Афрички Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 367 (132 нови)
- Смртни случаи – 7 (3 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на дежурните телефони на АЛО ДОКТОРЕ, ЦЈЗ или ИЈЗ.
Доколку имате дополнителни прашања во врска со болеста може да се јавите на следните телефонски броеви:
ЗД Ало докторе 02/15 123
ЦЈЗ Битола 071 261 330
ЦЈЗ Велес 071 219 278
ПЕ Гевгелија 078 545 444
ЦЈЗ Кочани 071 373 913
ЦЈЗ Куманово 070 215 851
ЦЈЗ Охрид 070 723 029
ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
ЦЈЗ Скопје 071 289 614
ЦЈЗ Струмица 072 235 543
ЦЈЗ Тетово 075 240 464
ПЕ Гостивар 076 365 161
ЦЈЗ Штип 078 365 613
ИЈЗ Скопје 078 387 194
Скопје, 20.03.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје