Во рамките на стручната соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Светската здравствена организација, од една страна и Ј.З.У. Институт за јавно здравје на Република Македонија од друга страна, како Национален соработник во доменот на транспорт, здравје и животна средина од Министерството за здравство со Светската здравствена организација (решение бр.12-3179/1 од 21.03.2006 година), Проф. Д-р Михаил Кочубовски го претседаваше четвртиот состанок на високо ниво на Пан-Европската Програма за транспорт, здравје и животна средина.
Свое излагање на отварањето имаа Ева Молнар, Директор на Одделот за транспорт, Марко Кајнер, Директор на Одделот за животна средина при УНЕЦЕ, Гуенел Родиер, Директор на Одделот за заразни болести, здравје, сигурност и животна средина при СЗО/Европа и Холандскиот Амбасадор во Франција. Беше презентиран филм со активности од Амстердам до Париз.
Беше одржан заеднички стратешки семинар на ПЕП ТЗЖС-Меѓународен форум за транспорт на Арената за транспорт и истражување (TRA): „Урбани иновации и промени: динамичен нексус од транспорт, здравје и животна средина”.
На 15.04.2014 година продолжи четвртиот состанок на високо ниво на ПЕП ТЗЖС се усвои агендата и се изврши избор на претседавач, ко-претседавач и известувач. Свое излагање имаше и Г-ѓа Сузана Јакаб, Директор на Светска здравствена организација, Регионална канцеларија за Европа.
Беа презентирани 4 публикации подготвени во периодот 2009-2014 и тоа:

Развој на Национален акционен план за транспорт, здравје и животна средина;

Знаци и сигнали за велосипедисти и пешаци;

Од Амстердам до Париз и после тоа: ПЕП ТЗЖС 2009-2020;

Работни места во зелен и здрав транспорт.

Публикацијата од Амстердам до Париз и после тоа: ПЕП ТЗЖС 2009-2020 содржи податоци од сите досегашни работилници одржани во Прага (2009), од Регионалната Работилница за Политики за одржлив и здрав урбан транспорт – “Да работиме заедно за остварливост на нештата” која се одржа во Скопје, Република Македонија од 7 дo 8 јуни 2010 година, Батуми (2010), Киев (2011), Москва (2012) и Алмати (2013).
Состанокот продолжи со првата министерска тркалезна маса за темата „кои видови политички механизми се потребни на национално и локално ниво за да се усклади законодавството и институциите за да се поддржи оддржлива и здрава урбана мобилност и транспорт во Пан-Европскиот регион” со изјави од министрите Г-ѓа Катуна Гогаладзе, Министер за животна средина на Грузија и Д-р Витенис Андриукаитис, Министер за здравство на Литванија, како и интервенции од публиката.
Потоа се одржа и втората министерска тркалезна маса за темата „кои видови на нови политики, истражување, медиуми, индустрија и актери од граѓанските друштва се релевантни за да се поддржи оддржлив и здрав урбана транспорт и мобилност кои се достапни за сите, вклучително и младите, сиромашните, старите лица и луѓето со намалена мобилност”.
За време на паузата за ручек се одржаа и два дополнителни настани од POLIS на тема „Интегрирање на здравјето во политиките на урбан транспорт” и Европската коалиција на младите за животна средина и здравје на тема „Младите се во движење”.
Беше презентирана Париската Декларација „Град во движење – луѓето пред сé”. Задржани се првите 4 приоритетни цели од Амстердамската Декларација и додадена е нова приоритетна цел – „да се интегрираат целите на транспортот, здравството и животната средина во политиките за урбанистичко и просторно планирање„.
Беше усвоено почнувањето на ПЕП ТЗЖС Партнерство за промоција на велосипедизмот.
Штафетата на ПЕП ТЗЖС беше предадена од Казакстан на Литванија и лансирање на имплементацијата на ПЕП ТЗЖС 2020.
Париската Декларација едногласно беше усвоена со симболично потпишување на министрите за транспорт Г-дин Фредерик Кувилиер и здравје Г-ѓа Марисол Турен на Франција, Г-ѓа Ева Молнар и Г-дин Марко Кајнер во име на УНЕЦЕ Извршниот секретар и СЗО Регионалниот Директор за Европа Г-ѓа Сузана Јакаб.
По завршување на состанокот на Бирото се одржа и ПЕП ТЗЖС поканета сесија во ТRА: Алатка за здравствено-економскa проценка за пешачење и возење велосипед.
Учество зедоа 200 претставници од 35 земји од сегментите – транспорт, здравство и екологија.