На 20.12.2017 Асс. Директорот Шабан Мемети и Prof. Dr. Lothar H. Wieler потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Институтот за јавно здравје од Македонија и Институтот Роберт Кох од Германија, која е една од водечките институции на полето на превенција и одговор на заразни болести.
Со овој значаен документ се воспоставува билатерална соработка на полето на едукација и научна соработка во полето на епидемиологијата на заразните болести, надзор над зарази болести и истражување на епидемии, имплементација на Меѓународниот здравствен правилники зајакнување на лабораториските капацитети. Соработката не е ограничена на овие две институции, туку предвидено преку соодветни обуки да бидат опфатени и експертите од Центрите за јавно здравје.
Периодот на соработка со Роберт Кох институтот е до 2020 година и се очекува преку него значително да се зајакнат капацитетите на земјата за превенција и одговор на заразни болести.
Овој меморандум на соработка е уште еден доказ за постојаните напори на Институт за јавно здравје за унапредување на состојбата со Јавното Здравје во Македонија.