Декември 2015

Во склоп на свите редовни обврски за надзор на јавното здравје на населението  во Република Македонија,  Институтот за јавно здравје ја изготвува ова Информација за навремено  и правилно да ја  информира јавноста за предлог мерки кои треба да влијаат  за намалување на ризиците по здравјето од загадување на воздухот што е во нагорен тренд.

Со почетокот на грејната сезона, и годинава како и во изминатите години влеговме во период на чести епизоди на високи концентрации на загадувачки материи во воздухот, пред се РМ-10 и 2.5 честичките.  Безмалку на сите мерни мести на мрежата на станици на Министерството за животна средина концентрациите на овие честички (РМ-10) се неколку пати над дозволениот просек од 5о микорграми/ м3. При што најалармантна е состојбата во Скопје, Тетово и Битола. Во изминатата недела (04-08.12) просечните дневни концентрации на честички во Тетово изнесуваа од 246 до 387 микрограми, во Битола од 54 до 222 микрограми, а во Лисиче (Скопје) од 18 до 208 микорграми/ м 3 .

Најголеми извори на загадување на воздухот во нашата држава се: процесите на производство на електрична енергија со употреба на цврсти горива-јаглен и течни горива, производните индустриски процеси, издувните гасови од сообраќајот, како и затоплувањето по домовите и административните капацитети во зимниот период. Уделот на овие извори во емисијата на различнити загадувачки супстанци е различен. Во емисијата на азотните оксиди и сулфур диоксидот најголем удел има производството на електрична и топлинска енергија, а во емисиите на PM10 и јаглерод моноксид  – сообраќајот и затоплување на домаќинствата и административните згради и други компании. Во градовите дополнителни извори на загадување се и бројните локалитети на градежни активности во кои се емитираат големи количини прав, емитирани гасови од депониите (Тетово) . Во Тетово евидентни се големите концентрации на суспендирани честички во воздухот, град со многу висока густина на население, од 330 жители на километар квадратен, густ сообраќај, несоодветна урбанизација и зголемени градежни активности, повеќе производсвени капацитети, а во близина на градот се наоѓа производните капацитети Силмак  и  Тетекс кој заедно со урбаните фактори како густиот сообракај,  некотнролираното индивидуално затоплување, несоодветната урбанизација и градежни активности)   придонесува за загадувањето на воздухот. Топографијата има значајно влијание бидејќи градот е во котлина и при појава на магла, нема доволно струење на воздухот кое би го одведувало загадувањето, а има и појава на температурна инверзија при што загадувачкте материи подолго време опстануваат во воздухот.

Ефекти врз здравјето

Иако примарен орган кој страда од аерозагадување се белите дробови и срцево садовиот истем, речиси нема орган кој не трпи последици од влијанието на високоте концентрации на честички во воздухот и тоа најчесто кај т.н. осетливите групи население како деца 0-5 години, стари лица, хронични болни, болни со астма, лица кои работат на отворен простор, но и пушачите кај кои ризикот од појава на сериозни срецви оптоварувања се зголемува и до 3-4 пати.

Во соработка со стручни лица од Светската банка во  анализа на еколошките податоци и медицинските докази за поврзаноста на аерозагадувањето и здравјето, во Инсттутот за јавно здравје е пресметано  дека приближно 1350 смртни случаи годишно во државата се должат на аерозагадување со честички но и илјадници изгубени продуктивни денови. Секојдневно луѓето страдаат и од респираторни болести ( астма, хроничен бронхит и др. ) кои се причина за повеке илјади изгубени продуктивни години на живот. Загадувањето со честички ја чинеле македонската економија околу 253 милиони евра или 3,2 проценти од БДП во 2011 (како резултат на високиот број случаи на прерана смрт, трошоци во здравството, намалената продуктивност на населението и отсуството од работните места на граѓаните).