Вовед

Лајшманиозите се група на болести предизвикани од протозоални паразити од над 20 видови Leishmania. Овие паразити се пренесуваат на луѓето со каснување од заразена женка флеботоминска песочна мушичка.

Постојат три главни форми на болеста: кожна лајшманиоза, висцерална лајшманиоза, позната и како кала-азар и мукокутана лајшманиоза. Кожната лајшманиоза е најчеста форма, висцералната е најтешката форма на болеста. Повеќето луѓе кои се инфицираат со паразитот не развиваат никакви симптоми во текот на животот. Терминот лајшманиоза се однесува на состојбата по појава на симптоми, а не заразување со паразитот.

Согласно податоците на СЗО во 2018г, 92  земји или територии се сметаат за ендемични за кожна и висцерална форма. Денес, повеќе од 1 милијарда луѓе живеат во области ендемични за лајшманиоза и се изложени на ризик од појава на инфекција.

Согласно со најновите светски податоци се проценува дека годишно се регистрираат околу 30.000 нови случаи на висцерална лајшманиоза и повеќе од 1 милион нови случаи на кожна лајшманиоза.

Третманот е комплексен и треба да го спроведува високо искусен здравствен персонал.

Историјат

Во Република Северна Македонија, во периодот од 1980 до 2021 година, регистрирани се 218 заболени лица со лајшманиоза (висцерална или кутана). Во истиот период се регистрирани 5 починати лица. Најголем број на заболени лица се пријавени од регионот на ЦЈЗ Скопје – 67 или 30,7%, ЦЈЗ Штип – 28 или 12,8% и ЦЈЗ Прилеп – 27 или 12,4%.

Во десетгодишниот период 2012-2021 година, регистрирани се 85 заболени и 3 починати лица.

Табела 1.  Регистрирани случаи на Лајшманиоза, и инциденца  I/100.000, во Р.С, Македонија, период 2012-2021

Табела 1. Регистрирани случаи на Лајшманиоза, и инциденца I/100.000, во Р.С, Македонија, период 2012-2021

Моментална состојба

Во 2022 година, заклучно со 30.06.2022, во ИЈЗ РМ се регистрирани вкупно 4 случаи на лајшманиоза (со комплетирана епидемиолошка анкета, пријава за заразно заболување, пријава за изолиран-докажан причинител),  со инциденца од 4,6/100 000 жители.

Останатите 4 регистрирани случаи не се комплетни, бидејќи немаат доставено (пријавено) епидемиолошка анкета, додека кај два случаи нема епидемиолошка анкета и изолат.

Во 2021 година, се пријавени 2 случаи на лајшманиоза, во споредба со 10 случаи во првите шест месеци од 2022 година, односно се бележи петкратно зголемување на бројот на заболени.

Зголемување на бројот на нови случаи во 2022, претставува предмет на анализа на податоците добиени од пристигнатите Пријави за заболување од заразна болест, како и од Пријавите за изолиран – докажан причинител на заразна болест на Leishmania.

Резултати

Дистрибуција на случаите по однос на место на живеење покажува дека 2 лица живеат во Скопје, 2 лица живеат во Велес.

Возрасната дистрибуција на заболените лица се движи од 1 до 74 години, односно 3 случаи се деца на возраст од 1 до 5 години, а едно лице е на возраст од 74 години.

Дистрибуцијата по пол покажува дека сите 4 лица се од машки пол.

Дистрибуција по месеци  на појавата на болеста, покажува дека 3-те случаи се регистрираат во мај (во 19 и 22 недела),  и еден случај во јануари (2 недела) во 2022 г.

Од заболените, сите 4 лица биле хоспитализирани, и тоа 3 случаи на Клиника за детски болести – Скопје и 1 случај на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Од вкупниот број (n=4) регистрирани случаи на лајшманиоза, лабораториски се потврдени 4 случаи од Лабораторијата за бактериологија и антимикробна резистенција на Институтот за јавно здравје.

Кај 4 лица пријавени во ИЈЗ, (Штип- 44г, машки пол), (Скопје, женски пол, нема податок за година на раѓање), (Скопје-67г, машки пол), (Скопје-1г, машки пол) се пристигнати некомплетни податоци, односно нема пријава и анкета.

Кај 2 лица од (Кавадарци-66 г, машки пол) и (Скопје-36 г, машки пол) нема комплетна документација бидејќи за нив нема доставено изолат на причинител на заразно заболување.

 

Заклучоци

  • Во 2021 година се регистрирани 2 лица заболени од лајшманиоза, додека во 2022г се регистрирани вкупно 10 случаи на лајшманиоза во првите 6 месеци од годината. Ова претставува лесно зголемување на бројот заболени лица во однос на десетгодишниот период (2012-2021г, n=85 случаи, односно 8,5 на годишно ниво). Во однос на последните три години (2019-2021г) кога се регистрирани 11 случаи, зголемувањето е за три пати.
  • Бројот на заболени лица во 2022г (10 случаи), се регистрирани на територијата на Скопје (6), Велес (2), Штип (1) и Кавадарци (1).
  • Заболените лица од лајшманиоза припаѓаат на возрасните групи: деца од 0-9г (4 случаи), 30-39г (1 случај), 40-49г (1 случај), 60+ (3 случаи) и еден случај за кој немаме податок за дата на раѓање.
  • Од доставените материјали за дијагностика 8 се лабораториски потврдени, додека за 2 случаи нема доставено изолат (докажан причинител).
  • Врз основ на постоечката документација не постои епидемиолошка поврзаност меѓу заболените лица.

Препораки

Со цел да се превенира појавата на нови случаи на лајшманиоза и да се спречи понатамошно ширење на заболувањето потребно е:

  • Не е достапна вакцина, ниту можност за профилакса.
  • Заштита против песочни муви.
  • Да се зајакне епидемиолошкиот надзор над лајшманиоза . Секој суспектен случај кој исполнува клинички критериуми на дефиницијата на случај потребно е епидемиолошки да се истражи и лабораториски да се тестира односно потврди.
  • Да се подобри информирањето на матичните лекари и лекари специјалисти (педијатри/ инфектолози)  за присутноста на ова заболување со зголемен број на случаи.
  • ИЈЗ и ЦЈЗ, да изработат информативно – едукативен материјал (флаери) и да го дистрибуираат до сите ординации од примарната здравствена заштитана со цел едуцирање и информирање на населението за ова заболување.
  • Со цел подобрување на знаењата и информираноста на населението за ова заболување потребно е да се спроведе едукативна кампања преку електронски и пишувани медиуми, социјални мрежи и Црвен крст на РСМ.

Оддел за епидемиологија на заразни заболувања
Институт  за јавно здравје на РСМ
04.07.2022